ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ОСВРТ, ФИЛМ) „Најсреќниот човек на светот“ – Воените трауми како бескрајно минско поле

November 1, 2022 15:07
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

АНА ВАСИЛЕВСКА

Тематското навраќањето на новиот филм на Теона Стругар-Митевска „Најсреќниот човек на светот“ кон војната на поранешните југословенските простори, тема што ја видовме во десетици филмови во регионалната па и во светската продукција, е со еден свеж,  поинаков агол.

И во поставеноста на филмските елементи и во приодот кон темата.

Целото дејствие се одигрува во еден и единствен затворен простор но, дијалозите и силната актерска игра ни визуелизираат многу повеќе. Поставеноста  на дејствето во  театарски манир ( „Догвил“, Ларс Фон Триер, „Климакс“, Гаспар Ное), минимализам во колоритот во кој доминираат нијанси на пастелно розова (униформите кои во интерес на играта ги носат сите учесници)  и бела боја, всушност е спротиставена на жестоките емотивни превирања на протагонистите.

Сосема случајно, средбата на еден маж и една жена од Сараево, организирана преку агенција за запознавање, за двајцата ќе прерасне во психодрама која лекува. Судбинското препознавање на војник кој стрелал и ја повредил жената што многу години подоцна ја среќава во „среќни околности“ ќе биде тригер од кој ќе излезат сите демони на војната.       Централната приказна е за Асја (Јелена Кордиќ-Курет) од Сараево, која ќе го запознае Зоран (Аднан Омеровиќ), сограѓанин,  на настан наречен „Трагачи по среќа“. А нивната „потрага по среќа“ по разобличувањето на личните судбини преку квиз-прашања за полесно запознавање ќе ги одведе до најдлабоките интимни лузни кои сите, помалку или повеќе, ги носат од војната во Сараево.  Меѓу Асја и Зоран се открива најрадикалната приказна – од неговиот истрел таа била повредена на 16-годишна возраст, а тоа бил првиот истрелан куршум на 18-годишниот Зоран. Ова откритие е шокантно за двајцата и набрзо потресната драма што ќе следи меѓу двајцата суптилно но доволно јасно ќе ги отвори приказните и на сите присутни „трагачи по среќа“.

Камерата на кинематограферка Виржини Сен Мартин немала лесна задача за  да ја отслика оваа градација на емоции кои се клучни за креирање на севкупната атмосфера секако избрусена од одличната монтажа на искусниот дански монтажер Пер К. Киркегаард.

Значајно драматуршко ниво на филмот  е приказот на различните перцепции на младата генерација кон војната, таа која не била директен сведок. Во сцената од музичкиот транс на „Златни папагаљ“ на „Електрични оргазам“ до сцената со танцот на техното се поминати речиси четири децении.  Оваа историја за младите не е ниту предупредувачка, колективната меморија како да е збришана и желбата за нов почеток е посилна од сè.

Сценариото сработено во тандем Митевска-Татарагиќ е речиси беспрекорно, а Митевска задржувајќи го оној својствен манир на филмски отстапки, во својот шести филм покажува зрелост како и оној значителен авторски исчекор во претходниот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“.

И по сè, станува збор за вистинска приказна, предупредувачка, вознемирувачка, катарзична, особено кога сведочиме за траорот на Украина, каде што во овој миг се создаваат идните соочувања на некои нови Асја и Зоран.

На премиерата на филмот „Најсреќниот човек на светот“ режисерката рече „Кога го снимавме филмот не ни претпоставувавме дека ќе почне војната во Украина!“ А кој би претпоставил дека крвавите војни во регионот не беа доволна лекција и дека додека тие сè уште се мотив да се проговори за нив во некоја уметнички артикулирана форма, се отворија нови рани на тлото на Европа.

Во Европа татне нова војна која секојдневно одзема човечки животи, обликува судбини на преживеаните. Крајот на војната, иако неизвесен, еден ден ќе се случи, но на уште неколку генерации ќе им бидат потребни децении да ги зацелат лузните, и физички и емоционални.  Да се исчистат овие страотни последици ќе биде како газење по бескрајно минско поле, во кое е неизвесно кога може да се случи експлозија…

„Најсреќниот човек на светот“  премиерно беше прикажан во официјалната конкуренција за Златниот лав во Венеција, тој е е наш достоинствен кандидат за влез во конкуренцијата за престижниот Оскар. По премиерата, филмот е на редовен репертоар во нашите кино сали.   

Продукција: Сестри и брат Митевски, македонскo/словенечко/хрватско/белгиско/босанско/данска копродукција 2022
режија: Теона Стругар
–Митевска

Останати улоги: Ксенија Маринковиќ , Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ и Ќемал Ризвановиќ, Лабина Митевска, Ана Костовска, Николина Кујача, Фирдаус Неби, Зорица Нушева,…
јазик: босански

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk