ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Македонско-германски форум: Ниту една земја сама не може да се справи со енергетската криза

November 2, 2022 15:51
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Војната во Украина силно се одрази врз економијата и сериозно го наруши стопанството. Со енергетската криза, која моментно е најголемиот ризик за бизнисот, ниту една земја не може да се справи сама. Државите мора да се дејствуваат здружено и заеднички за да ги совладаат актуелните предизвици, порачаа учесниците на денешниот Македонско-германски форум „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“.

Како што беше речено, корона-пандемијата беше првиот удар, вториот удар е војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, а санкциите кон Русија и енормните цени на гас и нафта се последниот удар со кои се бори индустријата.

Според учесниците, руско-украинскиот конфликт ќе поттикне огромни промени од економски аспект.

-Русија не користи само воено оружје, туку и економско – оружје на енергијата. Ниту една држава сама не може да се избори со зависноста од енергија, тоа сите земји треба заедно да го направат. Знаеме какви проблеми ни претстојат. Се поставува прашањето за снабдување со енергија и тука, во земјава, и тоа ќе биде важно прашање во следните месеци, како и во другите земји. Затоа, не смееме да се разделиме, рече директорот на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун.

Руската агресија врз Украина, додаде Браун, не претставува само напад на меѓународниот поредок, туку ги соочува Европа и светот со сосема нови предизвици.

-Покрај снабдувањето со енергија, важни за идните инвестиции се и новите локации на производство, како и синџирот на добавувачи, потенцира Браун.

Амбасадорката на СР Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн се осврна на перспективата на Северна Македонија.

-Не е случајно што Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија добива поголемо внимание од германската Сојузна влада од кога било досега. Наш приоритет е да ги внесеме земјите од Западен Балкан во ЕУ, да ги заштитиме мирот, стабилноста и економскиот напредок за нас и за следните генерации. Ова е исто така причината зошто германската Влада го ревитализираше Берлинскиот процес, рече Холштајн.

Таа изрази почит и благодарност за, како што нагласи, принципиелната позиција на Северна Македонија во однос на целосно усогласување со позициите на ЕУ: санкциите, пречекот на бегалци, помошта и доставувањето оружје.

Амбасадорката повтори и дека Германија останува силен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски процес.

-Знаете дека секогаш можете да сметате на нашата поддршка, подвлече Холштајн.

Директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс се осврна на синџирите на снабдување кои најпрво беа предизвикани, како што потсети, од КОВИД-от, но и со затворањето на пристаништата во Кина.

-Тоа покажува колку се ранливи нашите домашни индустрии. Сепак, со војната во Украина кризата го достигна врвот – повторно нарушување во синџирите на снабдување и вртоглаво зголемените цени на енергијата. Затоа, Југоисточна Европа, особено Западен Балкан, се во фокусот на новите синџири на снабдување за диверзификација на ризикот. Трговскиот биланс во моментов со овој регион веќе покажува импресивни резултати и тој ќе продолжи да расте. Порано се бараа компании на кои фирмите од Западна Европа им продаваа услуги и производи, денес тие на Западен Балкан бараат компании од кои ќе купат готови или полупроизводи, посочи Мартенс

Домаќини на македонско-германскиот форум беа Фондацијата Конрад Аденауер, Делегацијата на германското стопанство и Институтот за демократија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

June 6, 2025

Јапонски суд ја укина глобата од 84 милијарди евра за нуклеарната катастрофа во Фукушима

June 6, 2025

(ФОТО) Охридската чаршија е препуштена на стихијата и тука секој прави што сака, алармираат Охрид SОS

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk