ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е точно дека министерката Петровска прави список за мобилизација на војници во Украина

November 2, 2022 09:51
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: МО

Фото: МО

Share on FacebookShare on Twitter

Вистиномер праша во Министерството за одбрана  дали е точно дека министерката Петровска подготвува список за мобилизација на војници во Украина, како што тврди постот,  оттаму ги демантираа ваквите информации. „Неточно е тврдењето дека Министерството за одбрана или министерката подготвуваат списоци за мобилизација“, велат од МО.  Министерката за одбрана досега во неколку наврати изјави дека Македонија ќе праќа воена опрема како помош за Украина, но дека нема да испрати војници.

Пост на Фејсбук тврди дека министерката за одбрана, Славјанка Петровска прави список за мобилизација на војници за војната во Украина. Ова не е точно.

“Славјанка веќе го прелистува списокот на ДИК за излезеност на референдумот и подвлекува кандидати за мобилизација. Исто како за референдумот и сега би требало сите оние јавни личности што повикуваа да се гласа за ” ЕВРОПСКА СЕВЕРНА ВУКО***ИНА”, да бидат мобилизирани и пратени во први борбени редови во Украина“ се вели во објавата што ја анализираме.

Министерката за одбрана досега во неколку наврати изјави дека Македонија ќе праќа воена опрема како помош за Украина, но дека нема да испрати војници. И од НАТО Алијансата досега неколкупати потенцираа дека НАТО нема да стане страна во војната, дека тоа е војна меѓу Русија и Украина, а НАТО ќе ја поддржува Украина во нејзината намера за одбрана на територијалниот интегритет.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во мај годинава на светскиот економски форум во Давос рече дека НАТО нема да испрати свои војници во Украина бидејќи сака да избегне војна со Русија.

„Главната одговорност на НАТО е да ги заштити сите свои сојузници и да направи се за да спречи ескалација на оваа војна. Не сакаме да предизвикаме конфликт, туку да го спречиме и да го зачуваме мирот“ рече Столтенберг.

Истиот став го повтори и Американската амбасадорка при НАТО, Џулиен Смит на 11 октомври.

„Сојузниците се јасни, генералниот секретар е јасен, обединет е ставот дека НАТО не треба да стане страна во овој конфликт, ова е конфликт меѓу Украина и Русија, НАТО е дефанзивен воен сојуз, а Украина има целосно право да ја брани својата територија“ рече Смит.

Вистиономер се обрати до Министерството за одбрана каде прашавме, дали е точно дека министерката Петровска подготвува список за мобилизација на војници во Украина, како што тврди постот. Оттаму ги демантираа ваквите информации.

„Учеството на државјани од Северна Македонија во странска војска е кривично дело. Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби. Неточно е тврдењето дека Министерството за одбрана или министерката подготвуваат списоци за мобилизација. Согласно безбедносните проценки, ситуацијата во земјата е безбедна и стабилна. Министерството за одбрана и министерката Петровска повикуваат на воздржување од ширење на лажни вести и дезинформации“ ни одговорија од МО.

Според сето погоре изнесено, можеме да заклучиме дека постот кој го анализираме е невистинит.

Извор: ВИСТИНОМЕР

Next Post

„Кошничка за домаќинствата“ од денеска во грчките супермаркети

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk