Учениците на средното училиште „Никола Карев“ се евакуирани поради нова дојава за бомба, а евакуирани се и други средни училишта поради безбедносни причини.
-Мејловите од кои е испратена новата дојава за бобма се со слична содржина од преходно, но од различен испраќач. Во најбрз рок ги евакуиравме учениците, по инструкции на полицијата и сега се вршат проверки, вели , за„Цивил Медиа“ директорот на училиштето Андреј Манолев.
Минатата недела неколку училишта беа мета на лажни дојави за бомби кои ги вознемирија и учениците и родителите.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нагласи дека работат со сите странски партнери, за да се спречат ваквите монструозни дојави за бомби во училиштата.
– Пораките се пуштени од надвор од државата. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот процес и во тој дел навистина работиме максимално посветено, со помош на нашите партнери, за да ги прекинеме овие монструозни чинови, кои предизвикуваат вознемиреност кај граѓаните – објасни министерот Спасовски.
Тој потенцира дека сите капацитети на безбедносните служби, од почетокот на мандатот на ова раководство на МВР, се посветени кон сериозна заштита на сите граѓани на државата во сите сегменти, меѓу кои и во сајбер-безбедноста, која во денешни услови исклучително доаѓа до израз.
С.Т
Извор: ЦИВИЛ Медиа