Од министерството за здравство информираат дека на барање на министерот Беким Сали, поднеле оставки директорката на Универзитетска клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.
„Информираме дека по барање на Министерот за здравство, денес до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники. Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Како што истакнуваат од министерството, согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана