Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје (УТМС) додели целосни стипендии за бесплатно студирање на неговите факултети, обезбедени од Фондот „Проф. д-р Љубе Миленковски“ и на иницијатива на заменик народниот правобранител Јован Андоновски, според кого на овој начин ќе им се помогне на младите да го усовршат образованието и да останат во државава.
– Фондот за стипендии „Проф. д-р Љубе Миленковски“ го прифати барањето на заменикот народен правобранител проф. д-р Јован Андоновски кој беше иницијатор за да се подаде рака на секој талентиран студент кој заслужува стопроцентна стипендија на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје. Стипендиите ги додели ректорот, проф. д-р Аце Миленковски, кој ја поздрави иницијативата на заменикот народен правобранител и ги охрабри сите политичари, бизнисмени и луѓе од влијателните позиции да се потрудат да дејствуваат со цел поголем развој во образованието и науката, соопшти УТМС
Универзитетот информира дека се доделени по 15 стипендии од секоја општина во земјава за додипломски и потдипломски студии на: Факултетот за информатика, Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, Факултетот за меѓународен маркетинг менаџмент, Факултетот за туризам и на Економскиот факултет.