ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска – Бошковска Јанковски: Дигитализацијата на процесите во Централниот регистар ќе ја унапредат антикорупциската борба

November 3, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше работна средба со директорката на Централниот регистар Марија Бошковски Јанковски, со која разговараа за унапредување на ефикасноста на процесите на дигитализација во оваа институција.

На состанокот посебно внимание беше посветено на функционирањето на Регистарот за вистински сопственици, кој е важна алатка во борбата против корупцијата, но и за имплементацијата на заложбите од Платформата „Отворено владино партнерство“, каде е дефинирана можноста за објава на податоци за вистинските сопственици на субјектите, кои склучиле договори за јавни набавки на електронскиот систем за е-набавки ЕСЈН.

Беше оценето дека вака дефинираната заложба ќе придонесе за транспарентност на податоците за вистински сопственици, со можност за поголем притисок од јавноста во случај на злоупотреба на системот и унапредување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На средбата се разговараше и за дигиталните процеси кои се одвиваат во Централниот регистар, при што вицепремиерката Грковска ги поздрави напорите на Централниот регистар да го олесни пристапот на граѓаните до услугите. Вицепремиерката Грковска оцени дека дигитализацијата на процесите во Централниот регистар истовремено ќе овозможи поефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал.

Двете соговорнички се осврнаа и на интероперабилноста, при што беше нагласено дека Централниот регистар активно работи на изнаоѓање на можности за прекугранична интероперабилност на регистрите на вистински сопственици со земјите од Западен Балкан, што ќе овозможи целосна размена на податоци со земјите од Европската Унија. Преку интероперабилност Централен регистар заедно со регистрите од Србија, Албанија, Црна Гора и Република Српска врши размена на податоци од областа на регистрите преку Регионалниот портал на бизнис регистри Бифидекс.

Вицепремиерката Грковска се интересираше и за плановите кои Централен регистар ги има за во наредниот период, при што беше информирана дека од почетокот на наредната година ќе се води нов регистар – Единствениот регистар на трансакциски сметки.

Директорката Бошковска Јанковски информираше дека е инициран проект за Централизирана платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи со нивната важност, истекот, условите под кои се издава лиценцата/дозволата, како и секоја последователна измена на истата – одземање, продолжување и други промени,  информации кои би се интегрирале во Тековната состојба на правните лица, со што би се зголемила транспарентноста на процесот на издавање и одржување на лиценци и дозволи, но и би се збогатиле информациите по однос на самите правни лица и нивните потенцијални деловни партнери.

Next Post

Нацрт-заклучоци на ЕУ Советот: Потребни изборни ревизии и следење на препораките на ДКСК

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk