ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Извршен распит со приведениот за наводна поврзаност со дојавите за бомби

November 3, 2022 11:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Со лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта е извршен распит и претрес во неговиот дом.

„Со лицето е извршен службен разговор, во координација со Јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот“потврдија од МВР за МИА.
Платформата именувана како Conservative.mk синоќа на нивниот фејсбук-профил објави дека приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија неколку средни училишта во Скопје e нивен член и активист Никола Николовски, за кој тврдат дека е неправедно уапсен.
„Одговорно тврдиме и демантираме дека нашиот член Никола има каква било поврзаност со овие настани. Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент“ пишува на нивниот фејсбук статус.
Според платформата, ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците, затоа ќе се погрижат настанот да биде целосно расветлен пред органите, а вистинските лица кои стојат позади, како што наведуваат, овој нарачан напад да понесат целосна одговорност.
Главната цел на CONSERVATIVE.mk, како што стои на нивната веб страница е обединување на граѓаните кои веруваат во фундаменталните вредности на зголемување и подобрување на квалитетот на демократијата, здравата животна средина, слободниот пазар, класичниот либерализам, конзерватизмот и другите слични заложби и идеологии.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден доби пријави од девет училишта на територија на Скопје дека на нивните електронски адреси добиле порака со закана за поставена бомба, а по завршените антитерористички проверки соопшти оти е утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Девет училишта и минатата недела неколку дена по ред на нивните електронските адреси добиваа дојави за бомби, кои по проверката од страна на МВР се потврди дека се лажни пријави

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk