Во СВР Скопје, денеска околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на четири (до овој момент) училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, потврдија за МИА од МВР.
Заканите со бомби во скопските училишта почнаа минатата недела, почнувајќи од среда, и три дена по ред пристигнуваа закани за бомби во неколку скопски училишта. Заканите досега беа лажни.
Полицијата во средата повика на разговор едно лице од Скопје во врска со заканите, но лицето беше веднаш пуштено и од обвинителството кажаа дека не е поврзано со испратените закани.