ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јуроп Хаус Скопје одбележува три години постоење

November 4, 2022 14:38
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јуроп Хаус Скопје денеска одбележува три години постоење. Како што соопшти Делегацијата на Европската комисија во Скопје, во таа прилика евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентираше плановите за проширување на мрежата на Јуроп Хаус и во други градови.

„Пред три години, тогашниот претседател на Европскиот парламент Дејвид Сасоли (1956-2022), симболично им го предаде клучот од Јуроп Хаус Скопје на македонската младина. Јуроп Хаус го замени поранешниот Инфо центар на ЕУ со цел да им служи првенствено на младите и да функционира како младински центар. Денес, на третиот роденден, во Северна Македонија има три канцеларии на Јуроп Хаус – во Скопје, Крива Паланка и Струмица. А амбасадорот Гир на 4 ноември ги презентираше плановите за четири нови Јуроп Хаус – во Битола, Струга, Тетово и Велес. Овие нови „места на новата генерација“ ќе бидат отворени во текот на 2023 година, со што ќе се обезбеди избалансирано присуство“ стои во соопштението на Делегацијата на ЕК.

Презентацијата, се посочува во соопштението беше направена пред градоначалниците и претставниците на соодветните општини и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Роденденската програма на Јуроп Хаус Скопје ќе му оддаде почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901 – 1964). Отворен повик кој ги охрабрува младите уметници (18-35 години) да создадат продолжение на еволуцијата на човештвото претставено во мозаикот на отворено на Личеноски „Апотеоза на трудот“. Мозаикот всушност го величи трудот, кој е главниот елемент на 2023 година како Европска година на вештини“ стои во соопштението.

Од Делегацијата на ЕК додаваат дека сите роденденски активности ќе се реализираат во партнерство со Националната галерија, при што некои од нив ќе се одржат во Куќата Музеј на Лазар Личеноски во Скопје, додека други вклучуваат повеќе активности.

Меѓу нив, посочуваат од Делегацијата на ЕК, се ликовна изложба на секакви уметнички дела создадени од студенти и професори од Факултетот за ликовни уметности како резултат на нивната инспирација од наследството на Личеноски. Уметничкото дело ќе биде достапно за јавноста преку социјалните мрежи. Натаму, ликовна работилница за деца во Јуроп Хаус Скопје, како и серија дебати за подигање на свеста дека културното наследство е и културна иднина. Првата ваква дебата, насловена „Размислете напред – затоа што културата е важна“ ќе и оддаде почит на Вјоса Бериша (1972 – 2022), поранешна директорка на Јуроп Хаус.

Next Post
МИА

ЕП ќе гласа за прием на Хрватска во Шенген идната недела

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk