ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Девет милиони евра од ЕУ за развој на економијата и за чиста животна средина

November 7, 2022 13:33
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска имаше средба со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов, на која разговараа за проектот за изградба на фабрика за третман на животинските нуспроизводи, во согласност со ЕУ и националното законодавство, проект во рамките на ИПА 2019.

„Буџетот е 9 милиони евра, европски пари за инвестиција во циркуларна економија, со која се воведува функционален и затворен систем за нештетен и безбеден третман и отстранување на отпад од животинско потекло. Ова значи економски просперитет на општината и еколошка здрава животна средина“ рече на средбата вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор истакна дека искористеноста на европските фондови за евроинтегративниот процес е многу важна, од нив ќе зависи брзината на трансформација и воведувањето на европските стандарди во македонското општество.

„Општините имаат важна улога во усвојувањето и примената на европските стандарди и вредности, и поради тоа треба да продолжат со реализација на проекти од корист на локалните заедници и нивните граѓани“ посочи Маричиќ и побара од Николов максимална посветеност и обезбедување видливост на придобивките за локалната заедница што ги носи европската интеграција преку конкретни проекти.

Градоначалникот Николов во таа насока кажа дека е свесен за придобивките кои ги носи користењето на европските фондови во градењето на општинските административни и инфраструктурни капацитети, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и подготовка на локалните самоуправи за достигнување на европските стандарди.

Градоначалникот Николов на средбата го информираше Маричиќ за спроведените проекти и за оние кои ќе следуваат, во пресрет на годишниот отчет кој следната недела ќе го даде пред општинскиот Совет.

Оваа инвестиција ќе овозможи да се собираат и обработуваат сите категории на материјали од животинско потекло кои произлегуваат од кланиците и месната индустрија. Капацитетот е пресметан за обработка на 8.000 тони животински нуспроизводи секоја година. Ова е пример за инвестиција во циркуларна економија, што претставува дел од Зелената економија, овозможувајќи да се трансформира собраниот и преработениот материјал од загадувачки отпад во производи кои можат да се користат во други производни циклуси.

Инвестицијата има вредност 9 милиони евра, од кои половината се обезбедени преку ИПА, а половина ќе се користи заем од Светска банка. Договорот за градба се очекува да се потпише до крајот на февруари 2023 година. Со отворањето на оваа фабрика ќе се вработат околу четириесет жители на Росоман и околните населени места, пренесуваат од владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Гаши: Алтернатива нема да условува, даваме 100 отсто поддршка на евроинтеграцијата

НАЈНОВО

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“ вечерва во Штип

October 15, 2025

Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

October 15, 2025
фото Лајен/Х

Фон дер Лајен се сретна со претставници на граѓанското општество: ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk