Женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Европското првенство, откако во полседното 3. коло од групата Ц загуби од Романија со 23-31.
Пикерот Дабевска која беше најефикасна на овој меч вели дека нашиот тим е млад и верува дека во иднина ќе бидеме уште подобри.
„Честитки на Романија за победата и и посакувам многу среќа во вториот круг. Одигравме со многу срце и одлично се држевме во првото полувреме. Напиот тим е млад и талентиран и се надевам дека во иднина ќе бидеме уште подобри“, изјави Дабевска.
Извор: Екипа