ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Контролата над Конгресот сè уште нејасна, демократите победија во повеќе изборни единици

November 9, 2022 13:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Контролата над Конгресот се уште „виси“ по вчерашните избори , додека Демократите покажаа изненадувачка сила, победувајќи ги Републиканците во повеќе изборни единици, демантирајќи ги предвидувањата дека високата инфлација и нискиот рејтинг на претседателот Џо Бајден ќе ја повлечат партијата надолу, пишува Асошиетед Прес.

Сепак се уште е рано да се каже дека освоените места во Сенатот во Висконсин, Невада, Џорџија и Аризона би можеле да значат победа или задржување на мнозинството. Демократите ги задржаа местата и во Вирџинија, Канзас и Род Ајленд, додека во Њујорк и Калифорнија се уште нема јасна прегледност.

Демократите беа успешни и во трката за гувернери, победувајќи во Висконсин, Мичиген и Пенсилванија – бојни полиња кои  беа критични за победата на Бајден над поранешниот претседател Доналд Трамп во 2020 година. Но, Републиканците ги задржаа гувернерските места во Флорида, Тексас и во Џорџија каде Бајден победи тесно пред две години.

Со оглед на тоа што гласовите сè уште се пребројуваат низ целата земја, Републиканците сè уште имаат можност да ја освојат контролата врз Конгресот. Но, резултатите се воодушевувачки за Демократите кои беа подготвени за огромни загуби.

Претседателката на Конгресот, Ненси Пелоси, рече: „Иако многу резултати не се дојдени, јасно е дека демократските членови и кандидатите во Претставничкиот дом силно ги надминуваат очекувањата за изборниот исход“.

Исходот од трката за Конгресот и Сенатот ќе ја одреди иднината на агендата на Бајден и ќе послужи како референдум за неговата политика, додека нацијата се опоравува од рекордно високата инфлација и загриженоста за насоката на земјата. Контролата на Републиканците врз Конгресот, доколку се случи, најверојатно ќе предизвика круг истраги за Бајден и неговото семејство, додека преземањето на Републиканците контрола врз Сенатот ќе ја наруши способноста на Бајден да назначува судии.

Трамп, кој се вклучи во трките низ целата земја, поддржувајќи повеќе од 300 кандидати, се надеваше дека ноќта ќе заврши со триумф на Републиканците, и дека тоа ќе му овозможи непречен пат до Републиканската претседателска номинација во 2024 година, но неговите избраници изгубија на изборите во Пенсилванија, Мичиген, и Њу Хемпшир. Откако ги повика новинарите и неговите најверни поддржувачи да ги чекаат заедно изборните резултати во неговиот клуб Мар-а-Лаго, тој ја заврши ноќта без триумфален говор. Но и преку својата платформа порача дека имал „одлична вечер“.

Во меѓувреме, Бајден ја помина ноќта телефонирајќи им на Демократите за да им честита на нивните победи.

Извор: НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk