ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протече германско-францускиот предлог за решевање на српско-косовскиот спор – ќе функционираат како Источна и Западна Германија

November 9, 2022 20:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Германско-француски нацрт договор со девет точки за конечно решение во преговорите меѓу Белград и Приштина. Документот е пробиен од српските медиуми кои потенцираат дека верзијата ќе биде подложна на измени и дополнувања за време на разговорите меѓу двете страни.

Во членот 1 е наведено дека Србија и Косово ќе развиваат нормални, добрососедски односи кои ќе бидат меѓусебно засновани на еднакви права. Членот 2, пак, вели дека двете земји ќе се раководат од заедничките тежнеења за членство во Европската Унија.

Сите меѓусебни спорови, Србија и Косово ќе ги решаваат исклучиво по мирен пат и притоа ќе се воздржат од закани и употреба на сила, согласно Договорот за стабилизација и придружување, гласи членот 3. Во него се додава дека двете земји во моментот и во иднина ја потврдуваат неповредливоста на меѓусебните граници и ќе се обврзат во целост да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет.

Членот 4 нагласува дека Србија и Косово поаѓаат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да претставува друга во меѓународната сфера, ниту да делува во нејзино име.

Косово и Србија, според членот 5, ќе промовираат мирни односи на Западниот Балкан и ќе придонесуваат за регионалната безбедност и соработка во Европа.

Членот 6 од нацрт документот пропишува дека Србија и Косово ќе постапуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја од страните.

Членот 7 се однесува на изразување на подготвеност од Косово и Србија за регулирање на практичните и хуманитарни прашања во процесот на нормализација на меѓусебните односи.

Тие ќе заклучат договори во насока на развој и унапредување врз основа на овој договор и на меѓусебна корист од соработката во економијата, науката и технологијата, сообраќајот, правосудството, пошта и телекомуникации, здравство, култура, спорт и во други области, се дополнува во членот 7.

Членот 8 предвидува дека Србија и Косово ќе разменат постојани мисии кои ќе бидат воспоставени во Владите на двете земји, а во членот 9 се вели дека двете земји се согласни дека овој Договор нема да влијае на билатералните и мултилатералните меѓународни договори, како и на договорите кои се веќе потпишани или се повикуваат на нив.

Детали од германско-францускиот договор за решавање на косовското прашање за првпат се појавија во албанските медиуми во септември. Дел од нив тогаш објавија дека Србија со тоа де факто ќе ја признае независноста на Косово, без да има стварно формално признавање. Србија на тој начин не би блокирала приемот на Косово во Обединетите Нации, но двете земји би продолжиле да функционираат како Источна и Западна Германија кои меѓусебно не се признаа.

Неколку дена по објавата во септември, српскиот претстедател рече дека го видел документот и оти одбил да го прими.

По предлогот се изјасни и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која порача дека Европската Унија го поддржува германско-францускиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Сашко Димовски

Извор: Телма

Next Post

Дабевска: Ветувам дека во иднина ќе бидеме уште подобри

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk