ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трибината на СДСМ во преполна сала: Струмица е симбол на социјалдемократијата

November 9, 2022 21:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владејачката СДСМ вечерва организира граѓанска трибина во Струмица каде салата Парк е премала за да ги собере заинтересираните граѓани и симпатизери на партиајта. Со присутните во Струмица разговара премиерот Димитар Ковачевски кој порача дека Струмица е симболот на социјалдемократијата.

 

Не случајно СДСМ победуваше во Струмица дури и тогаш кога беше најтешко, кога целата држава беше заробена од страна на ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години. Струмица е олицетворение на што сме ние, социјалдемократите, рече Ковачевски.

Во своето обраќање премиерот истакна дека СДСМ е печатот на македонската европска идеја и напредокот од осамостојувањето до денес.

СДСМ е дел од континуитетот на државничките одлуки во исполнување на македонските национални стратешките цели поставени уште од независноста. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата и за тоа секој социјалдемократ, секој од вас овде присутен во оваа сала е особено горд, рече Ковачевски.

Членството во НАТО носи инвестиции во енергетиката

Сериозно сме посветени на инвестициите во енергетиката, бидејќи тоа е клучно во справување со кризата на краток, среден и долг рок. Генерално, инвестициската клима е исклучително подобрена бидејќи сме земја НАТО членка која има отпочнато преговори со ЕУ, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Струмица.

Тој додаде дека започнува градбата на на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј, а потоа следат и инвестиции како голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, изградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD.

Потпишани се договори за премиуми за изградба на 130 мегавати фотонапонски електрани. Во следниот период ќе почне и пуштање со работа на најголемите 25 мегавати во Свети Николе. Се очекува до крајот на 2023 во системот да се вклучат помеѓу 200 и 300 мегавати сончеви електрани. По 30 години, конечно ќе започне реализацијата на проектот ХЕЦ Чебрен. До крајот на годината ќе заврши евалуацијата и изборот на најдобар понудувач.. Проектот е со проценета инвестиција од 800 милиони евра, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека сепак и покрај напорите на Владата активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ прави голема штета, бидејќи во моментов има над 130 закони, извештаи и документи кои се во различни фази од процеосот, а опозицијата ги блокира во Собранието.

Имаме историска шанса со ЕУ, не смееме да ја пропуштиме

Имаме историска шанса која не смееме да ја пропуштиме. Мора сите да се вградиме во процесот, во обврските и работата, затоа што на крајот, сите ќе ги чувствуваме придобивките од полноправното членство во ЕУ, рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Струмица.

Тој додаде дека концептот за Европска Македонија ќе го предводи СДСМ, но дека една политичка партија не може сама, туку во тој процес треба да се вклучат генерации политичари и граѓани, многу политички партии и општествени субјекти.

„Тоа така мора да продолжи, да се обединиме и да продолжиме кон ЕУ силно и одлучно, затоа што македонската иднината е европска. Затоа на средба ги повикав лидерите на сите политички партии застапени во Собранието, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека ако не ги направиме уставните измени тогаш самите си ставаме пречка и самите се блокираме.

Next Post

Ковачевски од Струмица: Мицкоски покажа дека не се грижи за народот и државата, го интересираат само провизии

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk