ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: И во време на криза носиме мерки за предвидлива и подобра бизнис клима за инвеститорите

November 15, 2022 12:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

“Владата на Северна Македонија како висок приоритет го има поставено развојот на економијата. Одржлив економски развој, базиран на знаење, иновации, интернационализација се клучни. Фокус на политиките е поддршка на конкурентноста на македонските компании, чиј развој треба да се базира на диверзификација на производството кон производи со повисока додадена вредност, инвестиции во технолошки развој, иновации и интернационализација“ кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на бизнис настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo кој се одржува во роганизација на Македонско-Германското стопанско здружение.

Министерот истакна дека Северна Македонија и покрај светската криза се обидува да не се скратат мерките за поддршка на бизнисот, пред се оние кои се извозно ориентирани, но и мерките за привлекување на странски инвестиции.

„Северна Македонија прави големи напори со институциите да овозможи најдобри услови за работа на македонскиот пазар. Најважно од се е компаниите кои ќе решат да иневстираат во Северна Македонија да имаат предвидлива бизнис клима. Во насока на понатамошна поддршка на развојот на индустријата, диверзификација на производството и зголемување на извозот Владата нуди поголем сет на мерки, како мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, мерки преку програмите на министерство за економија за поддршка на преработувачка индустрија и МСП, мерки од фонд за иновации и сл. Следни активности во кои е вклучено министерството, а треба да имаат позитивно влијание врз понатамошна поддршка и поттик на фирмите во нивниот раст и развој се паметната специјализација чиј фокус е на соработка наука и бизнис во поддршка на истражување, развој и иновации согласно потребите на бизнисот  и извозна стртаегија како стратешка рамка за поддршка на фирмите во извозна споремност и извозна промоција“ кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека од аспект на индустријата таа се соочува со сериозни предизвици предизвикани од екононските и здравствени и енергетски промени и нестабилности на светскиот пазар. Но тоа значи и нова можност за привлекување на инвеститори во нашата земја и вклучување во нови ланци на добавувачи.

“Нашата преработувачка индустрија учествува со 14% во БДП, 19% во вработувањето и 11% во бројот на активни компании. Преработувачка индустрија учествуува со 94% во вкупниот извоз.  Македонската економија во изминатиот период бележи значителен пораст на извозот и покрај, Ковид-19 кризата во 2020 година, како и кризата со воениот конфликт во Украина во 2022 година, кои имаа негативни ефекти врз извозот.  Имено, во периодот од 2011 до 2021 година извозот на стоки бележи просечна стапка на раст од 10%, додека извозот на услуги, исто така, расте со просечна стапка од 10%.  Истовремено, релативното учество на извозот на добра и услуги како процент од бруто домашниот продукт (БДП) бележи зголемување од 47.1% во 2011 година до повеќе од 61% во 2021 година, што претставува значителна позитивна тенденција. Околу 50% од вкупниот извоз доага од фирмите од ТИРЗ, додека како за илустрација, доминантни извозни производи на домашните компании се производи од текстилната индустрија, облека, примарно земјоделие и прехранбена индустрија, руди и базични метали“ кажа министерот.

Бектеши кажа дека благодарение на процесот за дуално образование кој се спроведува со поддршка на бизнисот, компаниите ги добиваат квалификуваните кадри што им се потребни.

„Во завршна фаза е новата стратегија за паметна специјализација која ќе биде прва ваква во Северна Македонија. Ги идентификувавме главните сектори кои ќе бидат вклучени во стартегијата и тие сектори ќе бидат поддржани“ кажа министерот.

Next Post

Ковачевски: Поради идните генерации нема да дозволиме политички пиромани да ни ја одредуваат судбината

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk