ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Бочварски во Брисел: Потребна е забрзана изградба на транспортните коридори и силна поддршка од ЕУ

November 15, 2022 13:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, престојува во работна посета во Брисел, каде учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница за Западен Балкан, чиј домаќин е Европската Комисија и комесарката за транспорт, Адина-Јоана Вален.

На Советот се разговарало за напредокот на имплеметација на акциските планови во делот на патниот и железнички транспорт, транспортното олеснување и подигнување на безбедноста на патиштата во земјите од Западен Блакан.

Во своето обраќање министерот Бочварски ја потенцира стратешката определба на Владата на Република Северна Македонија за изградба на патниот и железнички Коридор 8 со посебен акцент на доизградбата на железничкиот крак Исток – Запад за постигнување на ТЕН-Т стандардите на транспортната мрежа.

На средбата министерот го нотираше Коридор 8 како значаен правец за регионалната интеграција и побара од  Европската Комисија,  истиот  да биде вметнат во единствениот Европскиот Коридор за Западен Балкан.

„Имајќи предвид дека и во железничкиот и во патниот Коридор 8 недостасуваат делници кои треба да се изградат односно надградат за да бидат на ниво на барањата на ТЕН-T мрежата, ова бара време, но и огромни финансиски средства. Поддршката од ЕУ, поконкретно од Европската комисија е суштинска. И во оваа прилика ја бараме вашата поддршка во реализирање на нашето барање за влез на нашите коридори во основната ТЕН-Т мрежа, особено на западниот дел од Коридорот 8. Нотираме дека регионалната соработка во Западен Балкан е коориднирана и во однос на реализација за ТЕН-Т Коридорот 8 е на високо ниво.” – се обрати министерот Бочварски.

Како дел од акцискиот план, тој го истакна воспоставувањето на сигурен и безбеден транспорт преку изготвениот нацрт Закон за формирање на Агенција за безбедност како и воспоставувањето на Интелигентниот транспорент систем на Коридор 10.  За таа цел побара техничка и финаниска помош од Европската Унија.

„Исклучително би ценеле доколку ни се овозможи техничка помош за Агенцијата за безбедност за континуирана и одржлива поддршка во воспоставувањето и функционирањето на целокупниот систем за безбедност на патиштата во земјата на принциот на т.н. “Safe system approach“. Во исто време би сакал да потенцирам и за огромната потреба од финансиска поддршка во смисла на поголем пристап до грант средства, особено за сложените регионални инфраструктурни проекти.” – истакна министерот Бочварски.

Во делот на постигнување на Целите за услогласеност на Транспортната мрежа со ЕУ, министерот Бочварски нотираше дека Република Северна Македонија напредува со добра стапка која е на нивото како и земјите од Западен Балкан.

На состанокот покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт и инфраструктура од земјите од Западен Балкан, како и претставници од Владата на Грузија, Молдавија и Украина.

Во рамки на Министерскиот совет се потпиша и Декларација за воспоставувње на поблиска соработка во транспортниот сектор меѓу ЕУ, земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина како чекор понапред во развојот на меѓународниот транспорт во Европа, известија од министерството за транспорт и врски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk