ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Од зависност, кон меѓузависност, е клучот за енергетска стабилност за регионот

November 17, 2022 18:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на панел на Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на српскиот претседател Александар Вучиќ и амбасадата на Кралството Норвешка. Панел дискусијата беше посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.

На почетокот на панелот Битиќи посочи дека Северна Македонија има одлични временски услови за обновливи извори на енергија бидејќи имаме повеќе од 260 сончеви денови за фотоволтаици, но во исто време добри услови и за ветерни паркови, продолжувајќи дека покрај овие први услови, следна важна е законската рамка.

-Во оваа насока, со гордост можам да кажам дека Северна Македонија нуди јасно дефинирана правна рамка за инвестирање во обновливи извори во земјата, и е во согласност со законодавството на ЕУ, истакна Битиќи.

Додавајќи дека имаме либерализиран пазар за енергија, за така наречени големи потрошувачи, но инвеститорите може да ја извезуваат енергијата и на други пазари. Имаме добри мрежни врски со нашите соседи и во исто време инвестираме за зголемување на капацитетите на мрежата.

-Процедурите се поставени, а ние секојдневно работиме на нови решенија и пристапи со цел да се поедностави што е можно повеќе. Улогата на Владата е да создаде поволна средина за инвестирање и за ова мислам дека даваме сè од себе. Како Влада и како земја која е на патот кон ЕУ интеграција, го поставивме патот за активностите за климатски промени со усвојување на европското законодавство за клима, како и Парискиот договор каде што се обврзуваме на исполнување на нашите обврски. Во меѓувреме, ние како држава инвестираме во обновливи извори преку ЈПП или чисти државна инвестиција, за да бидеме пример и да бидеме први што ќе ја започнеме транзицијата од производство на енергија од фосилни горива, главно јаглен, кон зелена и јаглеродно неутрална енергија, додаде Битиќи.

Битиќи истакна дека Северна Македонија нуди поддршка во реализација на инвестициите, како и креирање на предвидливост а со тоа и доверба на инвеститорите, дека нивната инвестиција е сигурна во нашата земја. „Затоа што таа вистински е. Тоа веќе го имаме докажано, а го потврдуваат големиот број странски инвеститори кои доаѓаат во нашата земја, остануваат и продолжуваат да инвестираат, истакна Битиќи.

Вицепремиерот во своето обраќање ја потенцираше меѓусебната зависност која мораме да ја негуваме и продлабочуваме.

-Досега зборувавме за зависност, од кои извори сме зависни за снабдување со енергија. Во иднина мораме да зборуваме и работиме кон меѓузависност, соработка, што секако води до диверзификација и стабилност во снабдувањето. Ова е клучно за идниот развој и веројатно, нашиот регион треба да почне да работи кон регионална енергетска заедница, заклучи вицепремиерот Битиќи.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
EPA-EFE/RONI REKOMAA

Финска ќе крене ограда на делови од границата со Русија

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk