ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада

November 17, 2022 10:59
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска преку видео врска се обрати на Конференцијата поврзана со праведната енергетска транзиција и како производството на енергија базирано на јаглен постепено ќе биде заменето со обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на истата, како и импликациите врз енергетската безбедност и работниците.

Конференцијата, како што информираат од кабинетот на Битиќи, е во организација на проектот „Дијагностика на праведна транзиција“ финансиран од ЕУ, имплементиран од страна на консултантската куќа „ПЛАНЕТ“ од Грција.

-Праведната транзиција е свесен и совесен избор за секоја влада. Избор кој е неизбежен ако ги погледнеме макроекономското опкружување и среднорочните до долгорочни енергетски трендови на светскиот пазар. Она што треба да го планираме е како да ги замениме работните места поврзани со јаглен со други работни места. Целта е никој да не остане изоставен како и како да ја замениме енергијата од јаглен со друга енергија за да имаме континуирана сигурност во снабдувањето по најниска можна цена, истакнал Битиќи.

Според него, се увидело дека обновливите извори на електрична енергија стануваат поевтини и поевтини. Исто така, вели, има голем број земји кои наметнуваат цени и даноци на јаглеродот кои имаат за цел да ја зголемат конкурентноста на економиите засновани на обновливи извори во однос на економиите засновани на фосилни горива, како што е нашата во моментов.

-Затоа, во национален интерес е да се зајакне учеството на обновливите извори на енергија во нашиот енергетски микс што е можно порано за да се искористи намалувањето на трошоците и да се остане конкурентен. Ова стана уште пореално и ургентно по руската инвазија на Украина и последователно наглото зголемување на цените на клучните фосилни горива и зголемените ризици за нивно обезбедување. Факт е дека сите европски влади мака мачат да се справат со претстојната зима. Ние сме меѓу нив. Сепак, мора да сфатиме дека ќе има уште една зима, а потоа друга и така натаму. Треба да се погрижиме да мислиме на долг рок додека планираме и на краток рок. Не смееме да заборавиме на важното за итното, нагласил Битиќи на конференцијата.

Според него, мора да се зголемат обновливите извори на енергија што е можно побрзо и да се инвестира во складирање на енергија, вклучително и зелен водород, како и во мрежи за да имаме чиста енергија цело време, дури, како што вели, и кога сонцето не сјае, а ветерот не дува.

-Со нетрпение очекуваме да слушнеме на оваа Конференција денес за различни технологии за складирање кои на крајот ќе овозможат обновливите извори на енергија да го заменат јагленот. За што секако ќе ни треба поддршка и од развојните партнери. Со нетрпение очекуваме да слушнеме како вие, развојните партнери, можете да нé поддржите во инвестициите што ќе го направат нашиот енергетски систем поотпорен, исплатлив и побезбеден. Многу би сакале да видиме координиран пристап од развојните партнери, создавање финансиски механизам како оној што се спроведува во земјите-членки на ЕУ за праведна транзиција, нагласува вицепремиерот.

Тој нагласува и дека со доволна поддршка, Северна Македонија може да стане пример за праведна енергетска транзиција кој може да послужи како пример не само за Западен Балкан, туку и за многу други земји.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk