„Во последните 30 години во регионот гледавме поделби и неразбирање, но во последниот период гледаме создавање на регион на соработка и добри меѓусоседски односи. Соработката е единствен начин да се надмине кризата“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан во Белград.
Тој додаде дека престои тешка зима за регионот и Европа во поглед на енергетската криза, но со соработка и солидарност, таа полесно ќе биде надмината.
„Владата на Северна Македонија започна со вложување на големи проекти во енергетиката, бидејќи тука е иднината“ рече Ковачевски и додаде дека земјата е посветена на енергетската транзиција бидејќи така ќе се обезбеди енергетска независност.
Премиерот кажа дека во мандатот на неговата Влада веќе се инсталирани 27 мегавати фотонапонски централи во државата, што е за 11 мегавати повеќе од тоа што обеше напревено во 11 години претходно.