ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Светска банка оцени дека Проектот за унапредување на основното образование се реализира со високо задоволителна динамика

November 17, 2022 15:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот за унапредување на основното образование има високо задоволителна динамика на спроведување на активностите и исполнување на индикаторите за напредок, оцени Мисијата на Светска банка во октомври годинава, соопшти Министерството за образование и наука.

Проектот е дел од четиригодишната Стратегија на Светска банка за партнерство со земјата за периодот 2019-2023 година и предвидува инвестиции од 21,5 милиони евра во основното образование, насочени кон подобрување на условите за учење и решавање на најприоритетните предизвици кои се директно или индиректно поврзани со развојот на човечкиот капитал.

– Ова е дел од излагањето на министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со Фадиа Саада, директор за човечки развој за Европа и Централна Азија, на која присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерoт за здравство Беким Сали, соопшти МОН.

Шаќири посочи дека во изминатиот 18-месечен период, по спроведена анализа на потребите, набавени се таблети, опрема, нагледни средства и мебел за кабинетите по природни науки. Направена е проценка за реновирање на 118 основни училишта каде што ќе се изведуваат мали градежни работи – тоалети, пристапни рампи и слично. Исто така, спроведено е преттестирање за национално оценување за трето одделение на ниво на држава.

– Многу значајна активност е воведувањето на новите формули за распределба на буџетски средства во основното и средното образование, кои ќе помогнат во отстранувањето на повеќето неефикасности во постојното финансирање на образовниот систем во Северна Македонија. Во соработка со Светската банка и УНИЦЕФ веќе изработивме и студија за оптимизација на училишната мрежа, рече министерот.

Говорејќи за предизвиците во образовниот сектор кои се адресирани со Стратегијата за човечки капитал 2022-2030, Шаќири се осврна на активностите за подобрување на квалитетот на образованието преку олеснување на пристапот на наставниците до програми за професионален развој, вклучувајќи подобрување на дигиталните вештини на наставниците за дигитална технологија и педагогија и, на долг рок, нејзино интегрирање во студиските програми на педагошките факултети.

– Во делот на фокусирањето на правична испорака согласно потребите на ранливите групи на население, МОН работи на одржување и зголемување на нивниот пристап до образование, преку институционализација на инструментите за намалување на загубите од учење и идентификување на учениците кои се изложени на ризик од напуштање на образовниот систем, наведува МОН во соопштението.

Министерството нагласува и дека ја продолжува добрата соработка со Светска банка која, како што посочува, долги години е партнер на државата во повеќе области, а посебно е значајна помошта во создавањето квалитетно образование за секој ученик, со оглед на важноста на образованието за економскиот раст и вработливоста.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Населението на ЕУ достигна рекордно високи 450 милиони поради миграциите

July 11, 2025

Лариса Дир: Европскиот суд ги призна системските прекршувања на човековите права од страна на рф

July 11, 2025

Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk