ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во oчекување на првиот твит на Трамп

November 22, 2022 12:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Некој би рекол што има Македонија да коментира за состојбите во Твитер и има право затоа што овде имаме само 93,8 илјади Твитер корисници наспроти 280 илјади на Линкдин, 809 илјади на Инстаграм и 945 илјади на Фејсбук.  

Твитер земјотресот главно ги зафати Вашингтон и Њујорк каде се води една од најголемите битки досега меѓу Демократите и Републиканците, или подобро речено меѓу Демократите и Доналд Трамп кој деновиве од новиот газда на Твитер, Елон Маск, е почестен со враќање на суспендираниот профил на социјалната мрежа.

Во неговиот познат театрален стил Маск бучно ја извести јавноста дека одлуката за враќање на профилот на Трамп ја донеле корисниците на Твитер на кои тој им ја даде одлуката на гласање, „за“ која гласаа – нешто повеќе од половина од анкетираните. Сепак фактите кои останаа во сенка на оваа операција се дека Трамп како корисник на Твитер кој имаше 90 милиони следбеници а по одмрзнувањето на профилот за само еден ден достигна 100 милиони, освен што е контроверзен и влијателен, носи и финансиска добивка за компанијата, што на крајот прави се да се сведува на пари а не на демократија. Контроверзноста на оваа одлука е уште поголема кога се знае дека Трамп беше отстранет од Твитер по настаните во Капитол Хил во јануари 2021 година кога неговите твитови за малку ќе го „запалеа“ и буквално Вашингтон поради неговото одбивање да го прифати поразот од Бајден.

Но додека го чекаме првиот твит на Трамп, ако воопшто се случи со оглед дека тој сега навредено изјавува дека трајно раскинал со Твитер, но од друга страна неговата платформа Truth Social е достапна само за корисници во САД, да потсетиме и зошто состојбите во Твитер се важни дури и за нас на југот на Балканот кого Американците не можат да го пронајдат ни на географска карта а камоли на гугл.

Твитер значи и слобода, демократија, пристап до важни информации без плаќање, модерна алтернатива на конвенционалните медиуми, а тоа „заспаната“ Македонија кога се светските теми во прашање, треба и тоа како да ја интересира. Битката што се одвива во и околу Твитер може да ја одреди судбината на социјалните мрежи како платформа пристапна за секаква категорија корисници, но може и да „роди“ моќно оружје во рацете на неколкумина кои ќе дадат ексклузивно право само на нивната вистина. Вклучително и овде во Македонија и регионот. Потегот на претходното раководство на Твитер да го исклучи американскиот претседател токму за да се избегне ескалација на безбедносната состојба по нападот на Капитол, доволно говори за моќта на социјалните мрежи и опасноста од објавување и ширење на експлозивна реторика.

НоваТВ во претходен напис се осврна на оваа светска тема број еден, при што се остварија и нашите предвидувања дека Маск ќе го врати на Твитер сцената својот идол Доналд Трамп. Во меѓувреме социјалната мрежа секој ден изненадува со новости кои ги консумираат медиумите ширум светот за што човек не може а да не се запраша дали Маск го минира Твитер или пак ја бустира неговата популарност со оглед дека користењето на социјалните мрежи станува планетарен феномен. Најновата бројка вели дека во светот има 4,74 милијарди корисници на социјални мрежи, што е повеќе од половина од светското население, од кои речиси 3 милијарди се на Фејсбук, а на Твитер се само 544 милиони корисници, што може да биде и причина за новиот сопственик да смислува начини како да го прошири опсегот ( и бизнис исплатливоста) на влијанието на Твитер.

Првите чекори, меѓутоа, му се контрапродуктивни затоа што вашингтонската и њујоршката елита кои се негови најбројни клиенти, во неговите потези видоа богаташки егзибиционизам, суровост кон вработените и инфантилно бранење на контровезните одлуки кои тој ги нарекува „нова политика на Твитер“.

Агенцијата за јавна безбедност на Вашингтон, која го користи Твитер за навреме да испраќа предупредувања до жителите за состојби кои го попречуваат нормалното функционирање на градот, минатата недела го исмеа Маск и укажа на можноста во иднина Твитер да биде платфрма на лажни вести. Исмевањето се случи токму на Твитер со необичен твит. „Најнова вест: Шумскиот пожар на Твитер зафати 44 милијарди хектари од кои само на 0 проценти од територијата е контролиран“, гласеше твитот. За да биде понижувањето на Маск доследно, под шегата, додадоа линк со корисни совети за тоа како да се прегледа веста за да се види дали е вистинска. Некои од советите вклучуваа да се погледне колку е стар профилот на Твитер и да се провери дали веб-локацијата на агенцијата за јавна безбедност се поврзува со профилот, алудирајќи на нарушениот кредбилитет на Твитер.

Сагата за Твитер несомнено ќе продолжи до некои други апсурдни одлуки на новиот сопственик, кои сосема сигурно водат во правец на тектонски промени во социјалните мрежи, не само во Твитер туку и кај конкуренцијата. Новата ера е започната, само да видиме каде ќе води.

Соња Крамарска / НоваТВ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk