ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Политичарите и експертите алармираат за опасност која доаѓа од радикалната Левица

November 24, 2022 09:10
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве на политичката сцена се отвори прашањето Дали Левица е најголема закана за евроинтеграциите на Македонија, ова особено деновиве го потенцира владејачката СДСМ .

Политичката партија Левица според екс членови позната по своите радикални ставови, за многу прашања во Македонија.

Професорот Бранимир Јовановиќ , кој последниве години работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, во интервју за емисијата „Во центар“ ја анализираше политиката на партијата „Левица“. = „Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто објавено неодамна.

Професорот Здравко Савески кој е поранешен член на раководството на Левица и беше дел од протестите именувани како „Шарена револуција“ во изјава дадена за Радио Слободна Европа вели дека неговиот поранешен сопартиец е познат по своите чести изјави дека треба да се радикализираат протести по национални прашања.

– Савески во изјава за РСЕ во јули годинава вели дека Левица сега, наспроти името, се однесува како десна радикална партија која добива поени на основа на национални прашања во која главни поддржувачи се разочарани членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Инаку тврдите ставови на Левица се поклопуваат и со блокадите на нивните двајца пратеници во Собранието. Последната блокада од таков вид се поднесените 1300 амандмани на новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги.

Особено е важно да потсетиме дека Левица го бојкотираше пописот, а и поднесе барање за референдум против договорот со Бугарија, со кој на Македонија и се овозможи да го отпочне процесот на преговори со ЕУ.

Интересен момент е што Христијан Мицкоски од ВМРО ДПМНЕ пред извесно време имаше став дека не е проблем да се случат уставните измени со цел влегување на Бугарите во Уставот, заедно со многуте националности, но откако Левица јавно излезе дека нема да ги поддржи уставните измени со кои Македонија ќе го продолжи евро-интеграцискиот процес, Христијан Мицкоски се премисли од првичната идеја.

Социјалдемократите веќе неколку денови го обвинува Христијан Мицкоски дека тој и ВМРО-ДПМНЕ станале заложници на Левица, но ВМРО ДПМНЕ не реагира на овие обвинувања, што можеби го потврдува фактот дека Левица одзеде голем процент од тврдото членство на ВМРО ДПМНЕ.

Извор: Центар.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk