Хаосот низ улиците на Скопје деновиве кулминира со протести и блокади во режија на приватните превозници кои беа вклучени во јавниот превоз. Тоа ги принуди граѓаните од метрополата повеќе да ги користат своите автомобили и дополнително да направат притисок во сообраќајот кој се одвива отежнато и поради изринкани или прекопани улици.
Сликата е грда со недели, месеци…, а деновиве и амбиенталниот воздух е позагаден. Имаме микс од зголемено количество на издувни гасови поради работата во место на автомобилите и прашина од раскопаните улици. Скопје се најде меѓу десетте градови во светот според загадениот воздух што дополнително удира по здравјето на граѓаните!
Ваквите урбани зафати во развиениот свет се прават „преку ноќ“. Се во интерес на граѓаните, а не на нивна штета – по здравјето и џебот ! Очебијно градското раководство на чело со „мајката“ Данела Арсовска не ја видела или прочитала оваа градска лекција.
Сликата со нервозен сообраќајен режим стана секојдневие. Вистинска уметност е да се излезе од дома и на посакуваната дестинација да се стигне навреме и без нервоза.
Скопјани наесто градежна офанзива со кој требаше експресно да се санираат или реконструираат некои амортизирани сообраќајниците низ централното градско подрачје како и главните „аорти“ низ општините добија изринкани и ископани коловози кои со недели, месеци… не се движат кон крајната цел. Работите тапкаат во место, а нервозата и незадоволството кај граѓаните напредува катадневно.
Во Градот Скопје од незнаење или за терање инает каков секојднево демонстират по било кое прашање не ја почнаа ваквата офанзива во потоплите месеци кога граѓаните користеа и алтернативни превозни средства. Некои пешачеа, возеа велосипеди, мопеди, тротинети… и не создаваа дополнителен притисок во сообраќајот на улиците.
Сега кога сите посегнаа по автомобилите, работни машини и работници кои треба да работат со полна пареа, нема или се реткос, а нервоза кај учесниците во сообраќајот е на претек.
И времето им оди од рака, но и тоа не знаат да го искористат. Цехот ќе го плати граѓанинот со истенчени нерви и расипани автомобили, искинати гуми за кои ќе треба дополнително да го одврзе своето ќесе.
Метеролозите за скоро време го најавуваат и првиот снег, па скопјани ќе имаат ретка можност да покажат колку добри возачи се по изринкани улици полни со дупки и сето тоа замаскирано со снег и вода !
Извор: 24инфо