ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нема промени за административците – продолжуваат да работат од канцеларија, мерките за штедење струја даваат резултат

November 25, 2022 12:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не се остварија стравувањата на синдикалците за евентуална работа од дома претстојнава зима, поради енергетската и економската криза. Од Владата за ваквата идеја информираа на почетокот на октомври, во рамки на Планот за фискална консолидација.

„Бројката на вработени во јавната администрација во екот на економската криза, нема да се намалува, но ќе мора да се намалат трошоците. Во време на криза сите треба да го понесеме товарот, не е време за калкулации“, изјави тогаш вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Синдикатите остро реагираа на можноста да работат од дома, сметајќи дека тоа ќе влијае на износот на месечните примања. Трпе Деановски од Синдикатот на Управата (УПОЗ), за Цивил вели дека тие остануваат на истиот став, истакнувајќи дека штедењето со работа од дома е остварливо само ако институциите се целосно дигитализирани.

„Ние уште стоиме на истиот став и сме против, бидејќи не е завршен процесот на дигитализација и ќе се намалат платите ако се работи од дома. Во ред е штедењето, но не е штедење ако институцијата да те натера да работиш од дома, да плаќаш повеќе струја, вода, интернет и уште платата да е намалена. Додека пак за некои институции што се целосно дигитализирани како Катастар, секако има можност да се работи од дома“, вели Деановски.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно истакна дека целта не е да се кратат платите на работниците, туку со план да се консолидираат трошоците и да се подобри квалитетот на услугите коишто го добиваат граѓаните. Тој кажа дека со ротирање на вработените ќе се намалат трошоците за електрична енергија, за греење, како и оперативните трошоци. Сепак, Ковачевски додаде дека консолидацијата на расходите во државните институции, вклучително и на јавните претпријатија и трговските друштва преку консолидација на трошоците за плати не значи намалување на платите.

Заштедата на струја на институциите сè поголема, препораките се почитуваат

Mинистерот за економија Крешник Бектеши, презентирајќи ја анализата за заштеда на електрична енергија во септември споредено со истиот месец минатата година од страна на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија истакна дека е остварена вкупна заштеда од 24% на потрошувачката на електрична енергија.

„Најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58%. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32%, кај Собранието заштедата во октомври е 22%, кај Кабинетот на Претседателот на државата 24%, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25%, а кај МЕПСО 22%. Ако се земат предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24%“, изјави Бектеши.

Во анализата на потрошувачката на електрична енергија за месец октомври 2021 година споредено со истиот месец во 2022 година се опфатени вкупно 19 јавни претрпијатија во државна сопственост со сите подрачни единици, каде вкупната заштеда изнесува 17%.

„Во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за енергенси, Владата донесе план за штедење со конкретни насоки за сите органи во состав на државната управа. Овие податоци за заштеда на електрична енергија, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди“, истакна Бектеши.

Неодамна и владиниот советник за енергетика Виктор Андонов потенцира дека препораките за заштеда на електрична енергија веќе се спроведуваат од институциите, за што се доказ бројките од месец октомври кои покажуваат дека државните институции успеале да заштедат 24 отсто електрична енергија. Тој оценува дека електро-енергетскиот е стабилен.

„Заради пониските температури да бидеме уште повнимателни во користењето на електричната енергија за да го продолжиме овој тренд на намалување на потрошувачката, односно да продолжиме со зголемување на заштедите. Како одговорна Влада, одговорно менаџираме со ресурсите. Сакам да се заблагодарам до сите колеги вработени во Владата и до сите вработени во државните институции кои покажаа висока свесност за состојбата во која се наоѓаме и евидентно, бројките покажуваат резултат со заштеда која е нотирана веќе втор месец по ред“, истакна Андонов.

Тој порача дека секоја мала промена на навиките може да доведе до голема заштеда на електрична енергија и ресурси и дека заштедите се многу важни за да имаме стабилен енергетски систем и да ја намалиме оптовареноста.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Светските лидери му честитаа на новиот папа

May 9, 2025
Скриншот

Пакистан ги отфрла обвинувањата за воздушни напади на индиска територија

May 9, 2025

САД, Велика Британија и Германија бараат решение за конституирање на косовскиот Парламент и формирање влада

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk