ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избори нема, ама има ново практикување на политика со креирање на мерки меѓу народот, со народот и за народот

November 29, 2022 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонското политичко секојдневие наликува на предизборно милје. Граѓаните се збунети. Владеачката гарнитура предводена од СДСМ е јасна и гласна дека избори ќе има во редовниот термин – 2024 година. Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ со погласен или потивок тон во зависност од дневно-политичките потреби катадневно вика или работи за „предвремени избори“ !

Порано или подоцна, избори ќе има. Ако не предвремени, редовни во законски определениот рок – 2024 година. А, дотогаш политичарите и од власта и од опозицијата треба да разберат и да покажат на дело, а не само со излитена реторика на замајување, дека работна обврска им е да испорачуваат, а не да опструираат процеси и законски решенија, кои се на штета на граѓаните од кои на избори ќе бараат и очекуваат гласови. Кој како се однесува и како работи за добробит на граѓаните, слика и прилика е Законодавниот дом.

Владеачката гарнитура не гледа причина за да се оди на предвремени избори. Но, е во акција, меѓу граѓаните да го слушне гласот на народот во овие тешки политичко-економски денови кога државата по долги години чекање конечно тргна на европскиот пат. За граѓаните се бара модус како да им се помогне да го пребродат периодот со нагризан животен стандард. Организираат трибини под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ .

На тие собири очи в очи со граѓаните слушаат и критики и потреби за подостоинствен живот, но и се нудат решенија за што побрзо и побезболно надминување на економско-енергетската криза поттикната од деветмесечната војна во Украина, која го тресе целиот свет кој пак не стаса да се опорави од  исцрпувачката двегодишна битка со здравствената пандемија од коронавирусот.

Повеќе од еден месец, владеачката гарнитура претставувана на највисоко ниво од премиерот, министрите, владините и партиските функционери од СДСМ се среќаваа со граѓаните во сите градови низ земјава. Новиот метод на практикување на политиките се користи за прибирање на предлози што е најдобро за граѓаните. Со ваквиот пристап граѓаните се тие кои ги даваат предлозите, но и ги критикуваат политиките.

Граѓанските трибини според сегашните активности на СДСМ треба да ги заменат класичните митинзи, каде што важни беа само бројките на присутни. Претставувањето на политики и држењето говори се заменува со разговор и слушање на предлози кои доаѓаат директно од граѓаните. Креирањето на антикризни мерки неопходни во овие тешки денови не може да се прави единствено од кабинет на премиер или министер, туку меѓу народот, со народот и за народот.

СДСМ ги информираат граѓаните за ново зголемување на минималната плата, пензиите, за субвенции … Според Законот за минималната плата, таа во март следната година треба да порасне за 10 отсто, или за 1.800 денари со што ќе се доближи без малку на 20.000 денари. Од истиот месец, согласно новата методологија, треба да има ново усогласување и раст на пензиите, кое би изнесувало околу шест отсто… Не се заборавени и компаниите кои пак треба да возвратат со намлени цени на производите на пазарот.

Наспротив ваквите конкретни понуди од владеачката гарнитура испратени до граѓаните, од опозициската ВМРО ДПМНЕ која постојано притиска за предвремени избори, што е нејзино легитимно право, отсуствуваат одговори по многу прашања од дневно-политичкиот и економскиот живот што ќе им понудат на граѓаните за да им дадат доверба. Не се изјаснуваат јасно и гласно дури и за европската иднина на Македонија !

Извор: 24Инфо

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориполитика

НАЈНОВО

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025
Скриншот

Арагчи: Нуклеарната програма на Иран стана прашање на национална гордост и слава

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk