ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: Обезбедуваме системски пристап и одржлив развој во секторот отпад, води и одржливо управување со заштитени подрачја

November 29, 2022 15:37
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешната средба со претставниците на медиумите ги презентираше програмските активностите и капиталните инфраструктурни проекти во три важни области на животната средина – управувањето со отпад, управувањето со води и одржливото управување со заштитените подрачја, чија што успешна имплементација е клучна за нашата европска интеграција.

Посебен акцент министерот Нуредини стави на проектите од доменот на управување со отпад, како големи инфраструктурни проекти коишто создаваат услови за воспоставување и развивање на долгоочекуваниот систем за управување со отпад во нашата држава. При тоа Нуредини потенцираше дека главен предизвик на Министерството е да им помогне на општините за обезбедување на потребните капацитети за подготовка на проектната документација и капацитетите потребни за реализација на проектите проектирани преку  секторските ИПА оперативни програми .

Нуредини се осврна и на Регионалниот роект за цврст отпад во Северна Македонија, зборуваше за статусот на регионалните депонии во Источниот и Североисточниот регион, депонијата во Русино, како и за важноста на поддршката од ЕБРД и обезбедените средства во висина од 55 милиони евра. Како што потенцираше тој, преку проектот ќе се спроведуваат активности за целосно воспоставување на системите за управување со цврст отпад во согласност со бараните стандарди на Европската Унија за сите пет плански региони и ќе се обезбедуваат услуги за повеќе од еден милион жители во државата. Овие активности се истовремено идентификувани како национален приоритет во контекст на пристапувањето во ЕУ и се услов за дополнителни грант средства од други европски фондови.

Во делот на управувањето со водите, министерот Нуредини информираше за статусот на изградбата на пречистителните станици во големите градови, Скопје, Битола, Тетово, како и за проектот Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во општина Кичево исто така финансиран преку ИПА фондовите. Во тој контекст, министерот се надоврза на Договорот склучен со Европската инвестициска банка за  заем во висина од 50 милиони евра со што ќе се овозможи рехабилитација и изградба на инфраструктура за водоснабдување, инфраструктура за отпадни води и заштита од поплави. Предноста е што на овој начин ќе се отвори можност да се опфатат сите, вклучително и малите општини.

-Обезбедување на чиста вода за пиење и одводна инфраструктура се дел од основните уставно загарантирани права на секој поединец и без тоа нема влез во Европа – нагласи Нуредини.

Дополнително МЖСПП направи преструктурирање на програмите за инвестирање на животната средина. Средствата од надоместокот од користење на биоразградливи кеси преку новата програма за управување со посебни текови на отпад (приближно 120милиони денари) ќе се инвестираат во садови и контејнери за индивидуални домаќинствата со што ќе им се помогне на општините за воспоставување на примарна селекција на отпадот, а Годишната програма за инвестициии во животна средина за 2023 година  преку која се обезбедени средства во висина од 210 милиони денари, како што најави Нуредини ќе бидат наменети за поддршка на општините за затварање на капитални инфраструктурни проекти за канализациони системи и системи за одведување и прочистување на отпадни води, но пред се за подготовка на проектната документација со цел да бидат подготвени за имплементација на конкретни инфраструктурни капитални проекти.

На брифингот, министерот Нуредни информираше и за стратешкиот инвестициски проект за изградба на Ски центарот Попова Шапка за кој МЖСПП е координатор на проектот, најавувајќи дека станува збор за  стратешка инвестиција којашто нуди не само локален, туку и национален и регионален бенефит.

“Целта беше да се заштитат природните вредности, но и да се овозможи одржлив развој и ски центарот да се развие во европски каков што и треба да биде согласно природните можности што ги нуди. Привлековме интерес на врвна и реномирана европска компанија од Јужен Тирол, ТехноАлпин којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони  и   со 30 годишно искуство и 16 зависни друштва.  Компанијата направи истражување и достави сериозна понуда која на последната седница, Владата на РСМ ја прифати како стратешка инвестиција“ рече Нуредини најавувајќи дека е во план самата компанија да го презентира менаџмент планот, според кој ќе се инвестира во инфраструктурата – паркиралишта, сместувачки капацитети, обновување и поставување на два нови ски лифтови и скијачки патеки и поставување на машини за правење вештачки снег со што скијачката сезона ќе се продолжи и нема да зависи од временските услови во 6 инвестициски фази.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Штајнмајер: Северна Македонија е на многу добар пат, за патот кон ЕУ вреди и следниот тежок чекор

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk