ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кој стои зад блокадите на Скопје: што имаат заедничко Ленин, Апасиев и Мицкоски-Путин!?

December 7, 2022 18:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски денеска најави дека се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму затоа што смета дека премногу се злоупотребува неговото име, а блокадите на превозниците продолжуваат и понатаму.

-Од овој процес јас решив да се повлечам затоа што премногу се злоупотребува моето име и му се дава политичка нотификација. Институционално останувам директор на „Слобода превоз“, но нема да бидам гласноговорник на превозниците. Ние како „Слобода превоз“ не може да бидеме фактор во превозот затоа што со одлуката на Градот не можеме да се пријавиме на јавен повик за линии една година. Ако јас сум проблемот, еве ќе му олеснам на Градот и ќе се повлечам. Нема да учествувам на никаков начин, а превозниците ќе се организираат и без мене. Нема да може да се правдаат дека јас сум крив за проблемите што имаме во превозот,  рече Јовановски.

Но дали навистина се злоупотребува неговото име? Јовановски е основач на мотоклубот „Ноќни волци“- огранок на истоимениот руски мотоклуб, чиј член е и претседателот на Русија Владимир Путин. И тој со својот „Харли Дејвидсон“ често вози со моторџиите. Па така Јовановски често се среќава со Путин.

Ленин со „ноќните волци“ во април им беа обезбедување на протераните руски дипломати и нивните семејства и ги спроведоа до македонско-српската. Јовановски исто така е противник на отворањето на бугарските клубови.

– Во Македонија се подготвува украинското сценарио и наскоро ќе имаме дејство на наша територија на бугарски воени формации од типот на Азов и Десен сектор кои како администратори со фашистички методи ќе го превоспитуваат и ќе го требат непотребното непослушно население во Македонија.По договорот со Грција таа сега ни го чува небото, а по договорот со Бугарија таа ќе ни ја чува земјата. Со поддршка на фашистите-Бандеровци во Укранина јасно ги отворивте вратите за влез на фашистите-Ванчо Михајловисти во Македонија, изјави Јовановски.

Македонските „Ноќни волци“ ги поддржаа и протестите кои летово ги организараа Левица и ВМРО-ДПМНЕ против „Францускиот предлог“. Ставот на Левица, пак,  кон Русија е јасен.

Пратениците на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов во екот на руската воена агресија врз Украина во Собранието остварија „деведесетминутна“ средба со рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин, којашто поминала во „срдечна и пријателска атмосфера“. Три месеци подоцна Левица, овој пат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ги организираа протестите против „францускиот предлог“ за кои Апасиев рече дека треба да се радикализираат со протести, блокади и други методи.

По спроведената анализа и истражување на јавното мислење, Фондацијата Конрад Аденауер издаде публикација „Ставови и перцепции за војната во Украина”, при што резултатите покажаа дека највисоко ниво на одобрување на руската воена агресија има кај симпатизерите на Левица со 56,1 процент.

Повлекувањето на Ленин Јованоски ниту ќе стави крај на блокадите, ниту пак ќе го испере ВМРО-ДПМНЕ за одговорноста за блокадите на Скопје и отежнатиот живот на неговите граѓани, е ракацијата од СДСМ.

-ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да го менува лицето во јавноста, Ленин Јовановски, да го замени со нов Ленин, но на сите им е јасно дека зад оваа блокада стои еден ист систем една иста матрица на функционирање која само знае да блокира и да уценува. Христијан Мицкоски е главниот инспиратор и режисер на хаосот што му се случува на главниот град. Сите виновници за блокадите се посредно или непосредно поврзани до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и оттаму, единствено Мицкоски и со Ленин и без Ленин, е тој кој може да стави крај на тортурата што им ја врши на скопјани.

Извор: 24инфо

Tags: АпасиевЛенинМицкоскиПутин
Next Post

Петров во „Само вистина“: Постои согласност меѓу Владата и САД за борбата против корупцијата

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk