ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Панта Реи“ – изложба на уметникот Бојан Ковски

December 11, 2022 12:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вторник,  13-ти Декември, во Археолошкиот музеј на Р.С. Македонија ќе биде отворена изложба на Бојан Ковски „Панта Реи“.

Официјалното отворање на изложбата ќе започне во 19 часот и ќе биде достапна за посетителите до 21-ви Декември.

 

 

Бојан Ковски е академски сликар, кој своите студии ги има завршено на Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски. Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси. Во неговите дела се изразува со слики маслона платно, како и body paint перформанси.

Оваа изложба Ковски ја работеше инспириран од неговиот живот поврзан со водата како главен извор на живот за сите нас, а во неа ќе бидат вклучени 12 дела масло на платно. Во претстојната изложба, Ковски ја разработува формата на човечкото тело и природата, коишто претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуелизација.

Во прилог кураторскиот текст од Анжелика Апсис:

„Кон изложбата,

Мојата драга  Дијана Томиќ Радевска, исклучителен уметница која многу ја ценам, веќе ги постави темелите на оваа изложба на кои јас само ќе се надоврзам. Бојан Ковски го познавам токму од оној момент кога почна да се оформува како сликар. Во Дамар. Местото кое беше втора кожа на многу уметници, писатели, режисери, музичари, активисти и многу други. Место кое се обидуваше да ги зачува сите оние вредности кои исчезнуваа пред нас.

Сработеното најдобро се брани без посредници, со самото постоење. Бојан Ковски е уметник чие творештво се стреми во нагорна линија. Неговиот опус е во процес. Едно дело се надоврзува на друго. Сложена е и специфична структуратата на овие уметнички дела во нивниот целосен изглед. Тој ја одбира водата како еден од четирите основни елементи на планетата Земја. Водата иако е една од најпроучуваните супстанции, таа сепак е најмалку разбрана. ,,Ништо не е толку сложено како нејзиното однесување“ – Џон Емсли. Во неа телата ги истегнува до крајни граници. До неспоивото! Божествена елеганција и крајна експресивност. Тие скоро секогаш како да се подаваат, како да посегнуваат по нешто кое за нас ќе остане засекогаш скриено. Ова е негов втор циклус – само насловот останува ист. Сè тече. Во него водата станува бистре, брановите се нежни, не заканувачки. Прегратката го одзема здивот. Таа е можеби најважното нешто по кое сите трагаме. Фигурите се со затворени очи како во плодова вода. Сигурни и слободни. Нивната убавина им е вродена тие не се набљудуваат себе си. Тие немаат потреба од ниту еден друг свет.

Се додека во еден апокалиптичен момент, но овојпат толкуван според старогорчкиот збор (грч. Ἀποκάλυψιςapokálypsis подигање на велот) симнување на велот и гледање со вистински очи. Едната фигура ги отвара очите и во крајно задоволство ја набљдува својата дланка. Бојан Ковски е силен во бојата. Тие нежни бранови во кои сакате да продрете со својата дланка. Тие беспрекорни тела… Постојано имате чувство дека сте сред нешто што допрво треба да се случи.  Сликите се поставени во движење. Во овој втор циклус уметникот не пушта во неговиот свет, каде се се движи, се се менува. Сликите се вртат во 360’ но прегратката останува силна. И колку и да сакаме нашата критика на овие дела да биде објективна таа сепак  се сведува на нашето лично видување на нештата. Таму каде што ние се пронаоѓаме.

Овој мој текст ќе го завршам со цитат од драгата Дијана Томиќ Радевска: „Сè тече, низ промените на нашиот краток живот, сè се менува, уметноста останува истражувачки запис на едно време, на едно доба, а времето е толку кратко.“

Неизмерна чест ми е да Ве поканам заедно да ја проследиме оваа неверојатна приказна, во разбранетата галерија во срцето на градот“.

Извор: Скопјеинфо

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Во Египет гледаме партнер во унапредувањето и спроведувањето на Медитеранската агенда на ОБСЕ

НАЈНОВО

Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025
Фото скриншот

Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk