Голем број на македонски поп и фолк изведувачи се обединија за заеднички да ја препејат песната Insieme („Заедно”), како дел од иницијативата на ЦИВИЛ за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија.
Во аранжман на Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јорадновски, македонскиот дел е дело на Борче Нечовски, песната ја изведуваат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Благоја Грујовски, Лидија Кочовска, Ѓоко Таневски, Мики Јовановски – Џафер, актерите Адријан Азири и Ана Стојановска и други, денеска беше претставена пред македонската јавноста.
Песната претставува почеток на иницијативата која симболично го носи насловот „Заедно”, според познатата песна „Инсиеме” на Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година.
Оваа иницијатива претставува придонес кон определбата на македонското општество за членство во ЕУ и приклучување кон големото европско семејство на демократски и суверени нации