ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

September 4, 2025 14:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Обвинителството до крај да го расчисти случајот со прислушувањето кое го вршеле лица од АНБ и АР, за, како што истакна конечно да се стави крај на злоупотребата на ресурсите на овие служби.

-Традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата  ВМРО-ДПМНЕ да биде следена. Тоа што можам да го кажам веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата логично е сега како претседател на Влада да добивам такви извештаи. Тоа не е нешто чудно и страшно. Очекувам од Обвинителството до крај да го истераат овој случај, изјави Мицкоски при посетата на Општина Брвеница во одговор на новинарско прашање  за тезите на опозицијата како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани.

Според него, во опозицијата и во СДСМ постои вознемиреност.

-И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите порано на УБК, сега на АНБ и АР. Така што, ценам дека еднаш за секогаш треба да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе кои наместо со себе се занимаваат со други луѓе, рече македонскиот премиер.

Во врска со декласификација на документите, нагласи тој, Обвинителството е тоа што може да одлучи и да го направи, а не Владата.

-Тој што ги лиферува тие информации или е правен аналфабет или сака да ја политизира работата, рече премиерот Мицкоски.

Неодамна АНБ информираше дека вработени оваа агенција се занимавале со следење сегашниот премиер и тогашен лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  како и на новинари и со бизнисмени. Мицкоски и актуелниот директор на АНБ Бојан Христовски пред неколку дена на одбележувањето на годишнината од основањето на АНБ, ги потврдија информациите, но не посочија детали бидејќи, како што рекоа, станува збор за документи кои се класифицирани како државна тајна, но и двајцата изразија очекување дека случајот ќе добие правна разрешница, а одговорните ќе бидат казнети.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), до кое АНБ ги доставило известувањата, излегоа со став дека во моментов се води предистражна постапка и поради нејзината тајност не можат да споделат повеќе детали.

Tags: Мицкоскиприслушување
Next Post

Филипче од Радовиш: Со огромни кредити од 8 милијарди евра, власта ги турка граѓаните во долгови и сиромаштија

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk