ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Граѓаните бараат резултати во борбата против корупцијата, да создадеме услови за владеење на правото, за еднаквост пред законот и пред институциите

December 14, 2022 12:45
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Граѓаните бараат резултати во борбата против корупцијата, а не декларативни заложби. Или сериозно ќе се зафатиме со отстранување на дефектите и вирусите од системот или истите ќе нé изедат самите како трули јаболка. Иднината на нашите општества е во прашање. Вака, како досега,  едноставно веќе не може. И затоа се радувам што и денес ќе имаме можност да разговараме за тоа како да го подобриме и зајакнеме ударот кон организираниот криминал и корупцијата, на кој начин можеме да ја подобриме регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансиски текови во регионот, особено во контекст на Берлинскиот процес“, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на денешната Регионална конференција за борба против корупцијата, која ја организира во соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Владата на Велика Британија и Регионалната Антикорупциска Иницијатива.

Целта на конференцијата е да се унапреди регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и незаконските финансии во регионот во контекст на Берлинскиот процес. Покрај високи претставници од земјите од Западен Балкан, присуствуваа и претставници од клучните институции надлежни за борба против корупцијата во регионот.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека не постои во светот општество целосно имуно на корупција, но факт е дека секоја држава е различно подготвена и различно реагира на корупцијата.

Таа информираше дека од крајот на јуни минатата година кога е усвоен Регионалниот патоказ за борба против корупцијата и нелегалните финансиски текови за брзо следење на спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата (УНКАК), соработката на земјите од западен Балкан е интензивирана и значајно попродуктивна. Во изминатиот период се работеше, додаде таа, на трите идентификувани приоритетни области, а тоа се транспарентност во текот на целиот циклус на јавни набавки, како и подобар надзор и отчетност во јавните набавки, на зајакнување на напорите за спречување, идентификување и управување со судир на интереси, како и зајакнување на соработката на сите нивоа преку меѓуагенциски пристап на органите за спроведување на законот, обвинителството и судството, единиците за финансиско разузнавање.

„Јас немам илузии дека корупцијата целосно ќе ја победиме, но мора веќе да имаме видливи и конкретни резултати. Мора да создадеме услови за владеење на правото, за еднаквост пред законот, за еднаквост пред институциите. Сите ние имаме обврска да ја зајакнеме довербата на граѓаните во институциите, а тоа ќе го постигнеме само ако покажеме дека со професионална, ефикасна и одговорна работа застануваме на патот на криминалот и корупцијата. Во повеќе наврати сум кажала, но и денеска ја чувствувам потребата да повторам. Промените зависат од сите нас. Зависат од граѓаните, но особено зависат од нас што сме на раководни позиции, од нас кои креираме политики, кои носиме одлуки“, додаде вицепремиерката Грковска.

На првиот дел од Регионалната конференција се обратија и евроамбасадорот Дејвид Гир, како и Ерик Мејер, заменик амбасадорот на САД во земјава, Сузи Дајкин од британското Министерство за внатрешни работи, како и претставници од владите на Република Србија, Црна Гора и Албанија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk