„Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи, би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово“, соопштуваат од „ТАВ Македонија“ .
Оттаму известуваат дека нема откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува по регуларниот распоред.