По повод одбележувањето на 17 декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, во центарот на Скопје се одржа т.н. Марш на црвените чадори.
Овогодишната кампања ја посветија на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите нивни успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата, информираат организаторите.
Сексуалните работнички велат дека денеска достоинствено маршираат низ Скопје, заедно со голем број сојузници, активисти и поддржувачи.
Тие велат дека гордо ги застапуваат нивните човекови, здравствени и работнички права пред институциите и општата јавност, бараат подобри и побезбедни услови за работа, подобро законско решение за сексуалната работа во земјата и бараат декриминализација на сексуалната работа.
Т. Г.