ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фудбалските титани ја оставија душата на теренот во Катар, Аргентина го слави златото на мундијалот

December 18, 2022 20:50
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Неизвесно до самиот крај, со два продолжетоци и трка по резултатот со пенали, Аргентина го освои златото на светското фудбалско првенство во Катар.

Натпревар кој дoлго ќе се памети заради неизвесниот пресврт на резултатот и водството на Аргентина во првото полувреме.

Франција изедничи со пенал и погодок во второто полувреме по што следуваше вистинска драма на теренот.

Лионел Меси од позиција пенал ѝ донесе рано водство на Аргентина 1 – 0 во 22 минута. Судијата Шимон Марчинијак му свиреше фаул на Усман Дембеле од Франција кој направи прекршок, кога наместо топката ја погоди ногата на противничкиот играч.

Анхел Ди Мариа го постигна вториот гол, по одлична акција од контра напад којашто почна од Меси, па преку Мекалистер кој му асистраше на Ди Мариа за погодок.

Сепак, големиот пресврт стартуваше токму на крајот на второто полувреме. Николас Отаменди од Аргентина беше невнимателен и направи фаул влечејќи го противничкиот играч во својот шеснаесетник, по што Франција доби пенал, а Килијан Мбапе го намали резултатот на 2 -1 со прецизен удар во долниот лев агол од голот.

Само минута подоцна Мбапе го израмни резултатот на 2 -2 кога доби одлична топка во шеснаесетникот на Аргентина и упати прецизен удар кој заврши во мрежата. Маркус Тирам асистираше за голот.

Вака заврши регуларниот дел од натпреварот, по што почнаа продолженија два пати по 15 минути.

Првото продолжение заврши без голови, но Меси во 109 минута го постигна седмиот гол на Светското првенство во Катар за водство на Аргентина од 3 – 2.

Судијата по втор пат свиреше пенал за Франција. Аргентинецот Гонзало Монтиел играше со рака, а Мбапе постигна гол за израмнување и хет-трик на финалниот натпревар.

Следуваше пенал серијата која заврши 4 -2 за Аргентина. Прв шутираше Мбапе за Франција, а потоа и Меси кои беа ефикасни. Следуваа два промашени пенали за Франција. Аргентиците беа прецизни и со последниот реализиран пенал од страна на Гонзало Монтиел започна славјето за Аргентина.

Килијан Мбапе е најдобар стрелец на шампионатот со осум постигнати голови.

Светското првенство 2022 година во Катар беше 22-ро на кое се натпреваруваа репрезентациите членки на ФИФА.

Ова беше прво Светско првенство што се одржало во арапскиот свет и муслиманскиот свет, а второто во Азија по турнирот во 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија.

1986 последен пат златото беше во рацете на Аргентина.

(А. В.) – (М. П.)

Извор: НОВАТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Аргентинасветска титулаСП2022Франција
Next Post

Tutti Insieme

НАЈНОВО

Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија до октомври 2026

October 4, 2025

Израел ја ограничува офанзивата во Газа, се подготвува планот на Трамп

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk