ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Апелација ја укинала пресудата за Мијалков оти била нејасна и неразбирлива

December 19, 2022 15:11
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Пресудата за 12 години затвор за екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, била укината бидејќи била „нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, соопшти Апелациониот суд во Скопје. Во истото соопштение, без прецизно да објаснат зошто, од Апелација велат дека при носење на ваквата одлука не размислувале суштински на застарувањето на делото.

Членовите на Советот на Апелациониот суд – Скопје, утврдиле дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“ и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок. Поточно, додаваат оттаму, во изворникот на пресудата немало опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.

„Писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен карактер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, наведено е во соопштението на судот.

Со враќањето на случајот на повторно одлучување, ова дело може да застари и Сашо Мијалков воопшто да не одговара за незаконско прислушување на илјадници граѓани за што веќе е осуден. Делата кои ги извршил вклучуваат „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Покрај за Мијалков, укината е и затворската пресуда за пребеганите разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски, но и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Без прецизно објаснување на што точно мислат, судиите од Апелација посочуваат дека при носење на одлуката за поништување на пресудата, не се впуштиле во „мериторно одлучување“ за застареноста на делото.

„Иако судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застаресност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд“, се додава во соопштението.

Покрај наведените, советот утврдил и други процесни повреди, за што овој суд детално образложение на сите причините ќе даде во писмено изготвената одлука. Дополнително, велат од Апелација, во првостепената постапка фактите не соодвествувале со доказите, и во однос на наодите на вештаците, и во однос на прислушувањето и во однос на вредноста на уништената опрема за прислушување

Извор: Мета

Next Post

Судскиот совет најави работна посета на Апелациониот суд за „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

НАЈНОВО

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025
Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk