ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„ТехноАлпин“ го претстави планот за ски-центарот Попова Шапка, скијачка сезона од над 100 денови

December 19, 2022 12:33
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објкети, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над 180 милиони евра.

Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од 2023 година и ќе се спроведува во шест инвестициски фази, од кои првата изнесува речиси 55 милиони евра.

Претставникот на компанијата „ТехноАлпин“ Немања Џого истакна нивната цел е да привлечат повеќе туристи на Попова Шапка.

Тој посочи дека планираат да направат нови 16 скијачки патеки.

– Ако се развиваат нови ски патеки тогаш мора да да имаме и нови ски лифтови и нови жичари.
Вкупно сакаме да изградиме девет нови жичари, а на почетокот би направиле две од нив.
Во правата фаза би ги изградиле системите за вештачки снег, тие се навистина многу важни, сакаме тие да бидат целосно автоматизирани и да бидат поврзани со нашиот софтвер. Тоа е многу важно за ски-центрите затоа што планираме да работиме повеќе од 100 дена на Попова Шапка, а ако сакаме да го направиме тоа тогаш ни требаат системи за правање на вештачки снег за да можеме да гарантираме отворање на сезоната на почетокот на декември и затворање на крајот на март, истакна Џого.

Тој додаде дека исто така е потребна и набавка на ратраци. Во рамки на цела инвестиција се планирани седум нови ратраци, а во првата фаза планирана е набавка на два.

– За да правиме снег потребни ни се резервоари за вода, би инвестирале во два резервоари и за зимската сезона би ги користиеле за правање вештачки снег, а во летото ќе ги користиме како летни атракции, рече претставникот на „ТехноАлпин“.

Тој нагласи дека сакаат да инвестираат и во крос-кантри скијање и дека планираат да изградат 15 километри нови стази за крос-кантри.

– Важно е на клиентите да им се дадат повеќе можности за искористување на планината. Во првата фаза сакаме да изградиме два нови спа-хотели со четири ѕвезди, а вкупно да бидат четири во целиот проект, а сакаме да ги искористиме и постојните хотели. Исто така би имале и викендици, важно е за нас да ги имаме овие викендици и тие да бидат блиску до ски-центарот, сакаме да ги имаме тие стази за почетници коишто ќе бидат блиску до овие викендици. Исто така сакаме и два планинарски домови со 160 места. Би имале и пицерија, но изградба и на ресторан каде што ќе може да се зема храна за носење. Предвидени се и паркиниг места коишто сега ги има недоволно. Планираме три нови паркинзи како и улици коишто ќе водат до новите хотели, информираше Џого.

Тој додаде дека важно е тоа туристичко место освен во зимската сезона, да се користи и во летната, па поради тоа планираат да инвеситираат и во изградба на алпски жичарници кои што ќе бидат блиску до езерата како и во нови велосипедски патеки.

– Првата фаза е могу важна за нас, планираме да го изведеме тоа во периодот од 2023-2028 година, а потоа имаме уште шест фази, со што вкупно се седум фази за да се реновира целиот ски-центар Попова Шапка. Ќе имаме поврат на средствата само ако можеме да гарантираме повеќе од 100 денови за скијање, ако не ја достигнеме таа бројка тогаш може да го заборавиме повратот, тоа нема да функционира, нагласи Џого.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференцијата во Влада наведе дека Попова Шапка е туристички центар во Република Северна Македонија што е лоциран на 1700 метри надморска височина, каде што постои можност за уживање во скијање и други зимски спортови на отворено за време на постудената сезона, како и уживање во класични летни планински спортови, благодарение на голем број патеки и планински патишта.

– Станува збор за прилично стар ски-ентар, каде првите основи започнале да се градат во текот на 50-те години од минатиот век, додека помеѓу 1970-тите и 1980-тите е изградена ски-зоната со ски-лифтови и патеки, како и првите хотели. За жал, повеќе од две децении не се инвестираше во модернизирањето на постоечките капацитети или проширување на сегашните, па поради истото, локалитетот во денешно време е застарен и заостанат, постојните ски-лифтови се застарени, нема систем за правење снег и последователно скијачката сезона е условена од временските прилики, односно, се скија само кога има обилни врнежи на снег, а скијачките патеки главно се поврзуваат без каква било адаптација на теренот, потенцираше Нуредини.

Министерот нагласи дека жичарата со градот Тетово повеќе не е употреблива и оти  пристапот до ски-центарот сега е можен само со користење на возило.

Нуредини истакна дека поголемиот дел од хотелските капацитети се застарени, додека услугите поврзани со локалите за храна и пијалоци се малку достапни, а во високите планински делови нема планинарски домови.

Тој заклучи дека генерално туризмот на нашите планини, иако доживува позитивен тренд, има силна потреба од масовна преадаптација и реновирање на постоечките капацитети за да ги исполнат тековните стандарди за квалитет што ги бара пазарот, бидејќи, како што нагласи, без да го сторат тоа им прети опасност од исчезнување.

– Тргнувајќи од овие факти инициравме физибилити студија за проект за реновирање на ски-центарот Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предизвик за врвни имиња на зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој планинарски локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво. Големо задоволство беше што успеавме да добиеме сериозна понуда од страна на реномирана европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“ којашто е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони, посочи Нуредини.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Вкупно шест претставки за дискриминација од подносители од турска етничка националност во минатиов период

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk