ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вкупно шест претставки за дискриминација од подносители од турска етничка националност во минатиов период

December 19, 2022 12:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно шест претставки за дискриминаторско однесување по разни основи, од подносители од турска етничка националност, има во минатиов период, изјави денеска Лимко Бејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Бејзароски, одговарајќи на новинарско прашање од МИА за време на денешната регионална конференција на тема дискриминацијата врз малцинствата и нивната заштита од дискриминација, а по повод 21 декември, празник на Турците во Република Северна Македонија, рече дека за дел од нив е утврдена дискриминација, за дел не е утврдена.

– За тие што е утврдена, поднесени се и поднесоци до прекршочниот суд. Се водат постапки. Подносители од женски пол има во делот на работни односи. Има претставки по службена должност за навреда на лице експонирано во политиката, во јавен медиум. Има предмет што се води по поднесена претставка од група граѓани за пристап до јавни добра, пристап до вода. Во тој предмет Комисијата утврди дискриминациско однесување од страна на општина и ја задолжи, во малку подолг рок, согласно законот, околу шест месеци, бидејќи се работи за поголем зафат, да обезбеди пристап до вода до турско  население. Очекуваме тој рок да биде запазен. Доколку не го запазат, законот предвидува и поднесување на прекршочна пријава до надлежниот суд, појасни Бејзароски.

Тој нагласи дека треба да се охрабрат сите луѓе да пријават секаква дискриминација во општеството.

– Ние сме подготвени да постапуваме по поднесени предмети. Имаме капацитет за да делуваме. Сите треба да се чувствуваат еднакви, во остварување на правата, нагласи тој.

Регионалната конференција „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“, е во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ.

Tags: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Next Post
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Одрон на патот

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk