ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Притвор за лицето кое повеќепати силуваше другарка на неговиот роденден

December 22, 2022 15:43
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за лицето кое повеќепати силуваше другарка на неговиот роденден. Предлогот на Обвинителството е прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена, информираа попладнево од Обвинителството.

Како што појаснуваат, одлуката е донесена бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и оти ќе го повтори или ќе го доврши кривичното дело.

Лицето е осомничено за кривично дело „силување“ од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 19 декември, осомничениот со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и врз животот и телото на нејзините родители, ја присилил на обљуба оштетената, со која другарувале и се познавале повеќе години наназад. Тие се договориле да се сретнат, бидејќи на осомничениот му било роденден. Тој ја зел оштетената со автомобилот и ја однел кај тениското игралиште лоцирано кај поранешната касарна во Гевгелија, каде почнал да ѝ зборува дека ја сака. Кога оштетената го одбила,  станал агресивен, ја фатил со двете раце за вратот и започнал да ја дави од што оштетената изгубила свест. Кога се освестила, со возилото биле стигнати пред местото викано „Динќот“, па бидејќи осомничениот возел побавно, оштетената ја отворила вратата и побегнала надвор од возилото и почнала да бара помош, велат од Обвинителството.

Како што е наведено во соопштението, во близина немало никој, па осомничениот го запрел возилото, излегол надвор и кога ја стигнал, почнал со боксови да ја удира по лицето, во пределот на главата и очите. Од ударите оштетената повторно паднала во бессознание, по што осомничениот ја ставил во возилото и ја однел во викендица во селото Конско, сопственост на неговото семејство.

– Бидејќи пружала отпор, почнал да ѝ се заканува дека нема да излезе жива од таму, дека ако каже на некој, ќе ги убие нејзините родители и нејзините другарки, а заканите ги изрекувал држејќи секира до него. Потоа извршил обљуба врз неа неколку пати, па ја запалил нејзината облека и телефон за да ги прикрие трагите. Ја натерал да му вети дека нема да го пријави, по што ѝ дал друга облека од викендицата и ја оставил пред куќата во која живее, додаваат од Обвинителството

Tags: „силување“Јавен обвинителОсновен суд во Гевгелија
Next Post

Наредбата за спровод на Мијалков беше за 12 декември, а не за денес - велат од струшкиот затвор

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk