ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ивица Ампов ќе биде првиот воен претставник на Македонија во НАТО

December 23, 2022 15:48
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Армискиот полковник Ивица Ампов ќе биде првиот воен претставник на Република Северна Македонија во НАТО, дознава НОВА од свои извори.

Назначувањето доаѓа безмалку по три години членство во Алијансата на Македонија, откако претходно пропадна едно назначување поради недобивање на НАТО сертификат на полковникот кој од Министерството за одбрана и државното раководство беше избран да ја врши оваа висока и престижна функција.

За Ампов се завршени сите процедури, вклучително и потребниот НАТО сертификат, а указот веќе е потпишан од страна на Пендаровски и е објавен во Службен весник.

Ампов претходно беше воен аташе на Македонија во САД, наследувајќи го на таа функција генералот Методи Хаџи-Јанев. Во моментов Ампов е раководител на военото разузнавање, каде го замени полковникот Горан Василевски кој замина на едно од местата кои Македонија ги доби во ОБСЕ во Виена.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, синоќа во интервјуто за Вин-Вин на Телма потврди дека е извршен избор на воен претставник во НАТО и дека тој ќе замине на функцијата на почетокот на јануари, но не го кажа името на воениот претставник.

„Процедурата е завршена, согласно процедурата претседателот го потпиша указот за назначување на нашиот воен претставник, објавен е во Службен весник, формалните подготовки се веќе завршени така што на почетокот тој ќе замине во Брисел и ќе ја преземе должноста на висок воен претставник, официјално прв воен претставник. Станува збор за полковник кој досега ја извршуваше позицијата раководител на Секторот за безбедност и воено разузнавање во Министерството за одбрана, искусен, долги години во Армијата, две години наш воен аташе во САД, поседува степен на НАТО сертификат, професионалец, човек кој си ја сака државата и ќе работи исклучиво во интерес на државата“.

С.К.

Извор: НоваТв

Next Post
Сашо Мијалков. Снимка од екран од ТВ21.мк

Управа за извршување на санкции: Не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби при спроводот на Мијалков

НАЈНОВО

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

Касами смета дека нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини

August 23, 2025

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk