ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЖСПП: Сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција

December 23, 2022 16:32
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Поради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка на нова опрема.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во моментот новата серверска опрема е набавена и инсталирана и во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема. Додека се врши миграцијата, како што се наведува, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што посочуват дека навремено ја известиле јавноста преку  веб-страницата и социјалните мрежи на МЖСПП.

Дополнително се спроведува и процесот на подесување на системот и заштита од надворешни упади преку интернет конекцијата.

Од МЖСПП информираат дека се прават напори да се забрза постапката и во најскоро време сите сервиси да бидат достапни. Напоменуваат дека податоците од сите мерни станици се достапни за МЖСПП и се следат, а доколку бидат надминати праговите на информирање или алармирање  јавноста/општините ќе бидат навремено информирани и на сила ќе стапат соодветните мерки. Најавуваат дека сите податоци што не биле достапни на јавноста со ставањето во функција на новата серверска опрема ќе бидат ретроактивно достапни/видливи.

Заради транспарентност МЖСПП најави дека ќе објавуваат податоци за среднодневни концентрации од извршените мерења за РМ10 и РМ2,5 од претходниот ден. Повлечени се податоци од извршените мерења, со далечински онлајн пристап до логерите за податоци, од следните автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух:  Миладиновци,  Лисиче, Ректорат, Кичево, Велес 2, Центар, Лазарополе, Битола 1,  Ѓорче Петров. Во моментот не е возможен пристап до податоците од мерните станици Карпош, Тетово, Струмица и Гевгелија. 

-Во моментот врз основа на добиените и анализираните податоци за концентрациите на РМ10 евидентно се забележува зголемување на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност од 50 микрограми на метар кубен на повеќе мерни места. Прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 μg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Скопје на мерните места Центар и Лисиче и на мерните места во  Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево и Велес.Податоците се следат од страна на Министерството и доколку има услови за надминување на прагот на алармирање на РМ10 и стапувањето на сила на мерките, граѓаните ќе бидат навремено информирани, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: воздухмерни станициРМ10
Next Post
ЕPA-EFE/Paco Campos

Во Шпанија уапсен Мајкл Џејмс Прат, еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ

НАЈНОВО

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

Малолетник се сомничи за обид за убиство на таткото

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk