ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новогодишен концерт на „Танец“ и изложба на студентски архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за ансамблот

December 23, 2022 13:30
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и годинава традиционално ја заокружува исклучително успешната концертната сезона, со ексклузивен новогодишен концерт кој ќе се одржи вечер во 20 часот во Националната опера и балет.

-Зад Танец се голем број концерти низ земјата, но и во САД, Канада, Словенија, Хрватска и Србија. Се свиреше, пееше и се играа изворни бисери, комплексни кореографски постановки, но се изведуваа и нови фузии, кои донесоа громогласни аплаузи и стоечки овации, секаде каде што Танец се претстави. Затоа Танец новогодишниот концерт е своевидна круна на неверојатната година и изобилува со раскошна музичко-сценска програма, во која ќе учествува целиот ансамбл, наведуваат од ансамблот.

На репертоарот, најавени се атрактивни кореографски постановки и богат опус од вокално-инструментални композиции од надседумдеценискиот легат на ансамблот. Во него е вклучен и специјален сплет на ора со кои „Танец“ со пиетет ќе се сети на еден од музичките великани кои придонеле кон растежот на ансамблот, виртуозот на кларинет и музички автор, Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Како и секогаш, „Танец“ ќе и подари на публиката и точка-изненадување, овој пат заедно со учениците од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, кои беа учесници на првата „Летна академија ТАНЕЦ“, одржана од 13 до 18 јуни во Охрид.

Исто така, во пресрет на концертот, НУ Танец заедно со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во фоајето на Националната опера и балет, организира изложба, на која ги претставува студентските архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за НУ Танец, со соодветна концертна сала, што е 73-годишна желба на ансамблот за дом по мерка на неговите потреби и по заслуга на неговите успеси.

Овие проектни задачи, идните архитекти ги работеа под менторство на педагошки тим од факултетот, а во рамките на Архитектонското студио 8/3, кое се одиваше во летниот семестар од оваа учебна година. Овие индустриски објекти се наменети за една поинаква “индустрија” и оттука архитектонското студио го носеше насловот „Институт за производство, истражување и едукација на материјално и нематеријално културно наследство“, посочуваат од „Танец“.

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени и благодарници на студентите кои учествуваа во проектот, но и на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ кои беа дел од Летната академија ТАНЕЦ.

Билетите за концертот на Танец се целосно распродадени два дена по пуштањето во продажба.

Tags: новогодишен концертТанец
Next Post

АТУ отвори нов фри-шоп на Аеродромот во Скопје

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk