ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Управа за извршување на санкции: Не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби при спроводот на Мијалков

December 23, 2022 15:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Сашо Мијалков. Снимка од екран од ТВ21.мк

Сашо Мијалков. Снимка од екран од ТВ21.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Управата за извршување на санкциите смета дека не постои одговорност кај било кој вработен во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот „Титаник 2“, бидејќи по вонредниот инспекциски надзор констатирано е дека не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби.

Управата за извршување на санкциите информира дека денеска го спроведе претходно најавениот вондреден надзор во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга со  цел  да се проверат околностите поради кои на ден 22.12.2022 година осуденото лице С.М не беше спроведено во Основниот кривичен суд во Скопје на главна расправа по кривичниот предмет „Титаник 2”.

-Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое Судот побарал обвинетиот во предметот С.М. да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е, како што велат од Управата за извршување на санкциите, дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни Судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

-Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби , Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга, нагласуваат од Управата за извршување на санкциите.

Воедно, како што информираат од Управата, разговарано е и со осуденото лице С.М. за настанатата ситуација.

Одговорните во КПД Струга денеска по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран.

За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Премиерот Ковачевски ги посети децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести

НАЈНОВО

Скриншот

Топ 10 најпродавани теренци во Европа, „Фолксваген Т-рок“ на врвот

October 16, 2025

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време

October 16, 2025
Фото: МИА

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ премиерно на 18 октомври во Драмскиот театар

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk