Претставници на курдската заедница во Франција денеска се собраа во центарот на Париз за да побараат одговори на прашањата поврзани со убиството на тројца Курди во францускиот главен град. Според француски медиуми демонстрантите фрлаа кон полицијата.
Вооружен маж ги изврши убиствата во курдскиот културен центар и соседното кафуле вчера во Париз, во раздвижениот централен дел на градот.
Полицијата уапси 69-годишен маж за кој властите велат дека неодамна бил ослободен од притвор во очекување на судењето за напад со сабја во камп за мигранти во Париз пред една година.
Откако разгневената толпа се судри вчера со полицијата, Курдскиот демократски совет во Франција повика од својата веб-страница и социјалните мрежи за денешниот митинг. На плоштадот денеска се собраа неколку стотици луѓе, а многумина држат знамиња.
Париската обвинителка Лоре Беко вчера ја призна можноста за расистички мотив за нападот, но курдските претставници изјавија дека нападот треба да се третира како терористички напад.
„Знаеме дека сме под закана, Курдите воопшто, курдските активисти и борци. Франција ни должи заштита“, изјави портпаролот на КДС, Бериван Фират, за ТВ БЕФМ.
Извор: МИА