Верниците кои го користат Грегоријанскиот календар денеска, 25 декември, денот на раѓањето на Исус Христос, го слават Божиќ, најрадосниот христијански празник.
Божиќ го слават Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и православните цркви кои го усвоија новиот календар, вклучително и Украина, која го прави тоа првпат оваа година.
Во црквите ширум светот синоќа се служеше Света полноќна миса.
Папата Франциск синоќа служеше миса во базиликата Свети Петар во Ватикан и предупреди дека алчноста и гладта за поголема моќ ги наведува некои да „ги изедат своите соседи“, алудирајќи на војната во Украина и другите конфликти во светот.
Папата потсети на алчноста и консумеризмот во различни форми и ги повика верниците да се вратат на првобитните вредности на славењето на Божиќ и солидарноста со воените жртви и сиромашните.
Божиќ, како и Ханука и Нова Година, како што соопшти американската вселенска агенција НАСА, традиционално 22 години по ред се слават континуирано на Меѓународната вселенска станица.