Кинеската провинција Жеџијанг, во близина на Шангај, се соочува со околу еден милион нови случаи на Ковид-19 секој ден и се очекува тој број двојно да се зголеми во наредните денови, соопштија покраинските власти.
Кина нема регистрирано смртни случаи од Ковид-19 пет последователни дена и покрај рекордниот пораст на случаи низ целата земја, соопшти денеска кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Граѓаните и експертите бараа поверодостојни податоци во услови на драстичо зголемување на инфекциите откако Пекинг во голема мера ја промени својата политика на нулта толеранција за коронавирусот, кој целосно затвори милиони граѓани и ја ослабе втората по големина економија во светот.
Националната здравствена комисија престана да евидентира случаи на инфекција без симптоми, што го отежнува нивното следење, а официјалните податоци од земјата станаа нецелосни. Комисијата денеска престана да ги објавува дневните податоци, кои ЦДЦ потоа ги објави.
Жеџијанг е една од ретките области што објави проценка за неодамнешното зголемување на случаите на инфекција во покраината, вклучувајжи ги и асимптоматските случаи.
Се проценува дека врвот на заразата ќе го достигне Жеџијанг порано и ќе влезе во период на високо ниво (инфекција) околу Нова година, когај бројот на дневни случаи ќе достигне и до два милиона, соопшти локалната влада.
Провинцијата Жеџијанг, каде живеат 65,4 милиони луѓе, објави дека од 13.583 заразени лица кои се лекуваат во провинциските болници, еден пациент има сериозни симптоми предизвикани од Ковид-19, додека критичната состојба на 242 заразени лица е предизвикана од други болести.