Командир, заменик-командир, раководител на смена и шест полицајци се уапсените во вчерашната голема акција што ја спроведоа Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) на граничниот премин „Табановце“, потврди Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот брифинг со новинарите.
Спасовски нагласи дека службениците се приведени поради злоупотреба на службената положба.
Синоќешната акција на граничниот премин „Табановце”, што ја спроведоа МВР и ОЈО предизвика големиот застој на граничниот премин. Колони возила беа заглавени на македонско-српската граница и по неколку часа, а граѓаните револтирани на социјалните мрежи објавуваа видеа и фотографии од километарските колони на граничниот премин.