ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Ретро календарот на „Алкалоид“ за 2023 во Арт деко стил со потпис на Кардула

December 31, 2022 17:26
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО

Нови 12 страници за Новата 2023 година, со призвук на стари, ретро елементи кои пленат со класика и елеганција, го отсликуваат календарот на „Алкалоид”, со авторски потпис на познатиот македонски уметник, графичар и дизајнер, Зоран Кардула.

Инспириран од стари, ретро постери и принтови кои се појавиле пред еден век, а кои до ден денешен впечатливо ја изразуваат својата автентичност, Кардула, за овој корпоративен проект подвлекува дека станува збор за еден уникатен и интересен концепт, чие создавање претставувало уживање низ уметничкото творење.

„На мое големо задоволство годинава бев ангажиран од страна на ‘Алкалоид’ да го дизајнирам календарот за 2023 година. Пред една година за сопствено задоволство направив личен проект каде илустрирав познати македонски брендови кои во минатото оставиле трага, а некои од нив сѐ уште се присутни во нашето живеење. Идејата ми беше познати фирми и некои нивни брендови да ги преставам во Арт деко стил и како би изгледале нивните производи кога би се рекламирале во 20-тите и 30-тите години од минатиот век. Интересен концепт во кој навистина уживав. Токму во тој стил е изработен и календарот за ‘Алкалоид’ – брендовите на компанијата во Арт деко стил. Имав целосна слобода во илустрирањето и целиот процес беше уживање”, истакнува Кардула.

При изработката на овие постери, авторот настојува да се држи до стилот, колоритот, естетиката и сето тоа да го пренесе во најдобро светло. За поавтентично доловување на стилот, креира и амбалажа за некои производи, односно симулација како тие би биле брендирани во тоа време. Илустрациите се цртани во илустратор, а користени се и многу четки за да се долови ретро моментот и патината која авторот се стреми да ја имаат постерите. Опфатени се неколку стилови на илустрирање кои се појавуваат во тој период на Арт деко.

Дизајнот на корпоративниот календар на „Алкалоид“ за 2023 година, враќа назад во некои поубави и побезгрижни времиња. Преку ова автентично патување низ времето, „Алкалоид” на своите вработени, соработници и верни потрошувачи им посакува среќни празници, во знакот на она најважното: Здравјето пред сѐ!

Извор: Независен

Tags: АлкалоидЗоран КардулакалендарНовата 2023 година
Next Post

Зеленски до Украинците: Имаме само една желба. Среќна Нова година, годината на нашата победа

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk