ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Севкупната архива на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ дигитализирана за половина од ветениот рок од две години

January 5, 2023 09:17
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук група, Македонски јазик

Фото: Фејсбук група, Македонски јазик

Вистиномер бележи исполнето ветување на Министерството за култура за забрзано дигитализирање на старите ракописи од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Севкупната архива на овој Институт е дигитализирана за половина од ветениот рок од две години

Текстот го пренесуваме во целост

Министерството за култура во 2021 година најави забрзан процес на дигитализација на ракописите што се во посед на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, нешто што со крајот на 2022 година беше исполнето:

Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој со 14 милиони денари го започнуваат процесот за забрзано дигитализирање, најмногу за две години, со цел да се сочуваат и заштитат јазичните записи кои што имаат историска и научна важност и истите да им бидат достапни на истражувачите во земјата и во странство во современа и во безбедна форма.

[Извор: Влада на РСМ – Прес на Стефоска и Петров (5.50 мин) – датум: 23.08.2021]

Образложение:

Забрзаната дигитализација на старите ракописи кои се во посед на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, со цел да бидат сочувани и во уште еден современ и безбеден формат  погоден за  употреба, ја најави поранешната министерка за култура, Ирена Стефоска на прес-конференција во август 2021 година.

Притоа, тогашната министерка најави дека проектот ќе треба да биде исполнет најмногу за две години, ветување што е исполнето и предвреме (Прецизно според тендерот беше најавено дека проектот може да трае најмногу 18 месеци).

Станува збор за огромна збирка од 4,5 милиони документи со кои располага Институтот, од кои, некои од документите биле стари и над 500 години. Кога Стефоска на заедничка прес конференција го најави проектот, де факто најави тендер за учество на компании кои имаат таква технологија и искуство во процесот на дигитализација и архивирање на хартиени документи и нивно микрофилмување.

На прес-конференцијата одржана во август 2021 година заедно со тогашниот директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров, беше речено дека процесот на забрзана дигитализација е неопходен, затоа што од Министерството за култура (МК) дошле до сознанија дека за цели 9 години до тогаш биле дигитализирани само 140 илјади листови, од околу 5 милиони со кои според тогашната проценка располагал Институтот и дека таа бројка е премала.

Стефоска соопшти дека биле обезбедени 14 милиони денари за 100 отсто финансирање на проектот од кои 5 милиони од МК, а 9 од ФИТР и дека повикот трае до 21 октомври 2021 година. На овој повик победничка компанија била Архивски дата центар – Инбокс, формиран во 2011 година како иновативен модел за архивирање и управување со документи.

Првите документи биле преземени на 30.12.2021 година, а според информацијата што ја објави СДК.мк на 02.01.2023 година, на самиот крај на 2022 година во Институтот се одржало примопредавање на дигитализираните документи. Од информацијата може да се дознае дека севкупниот материјал од 4,5 милиони картотеки бил дигитализиран и спакуван во 14 водоотпорни и огноотпорни кутии. Некои од ракописите биле стари и над 500 години, може да се дознае од разговорот со официјален претставник од компанијата, при што не биле дигитализирани само хартиените документи, туку било извршено микрофилмување на хартиените и дигиталните материјали.

Информацијата што ја објави СДК.мк, беше преземена и од други медиуми. Според овие достапни сознанија, може да се оцени дека ветувањето дадено во форма на изјава од Стефоска на прес конференцијата, дека процесот ќе биде завршен за најмногу две години е, де факто, исполнето предвреме.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: архивадигитализиранаизполнето ветувањеИнститутот за македонски јазикИрена СтефоскаМинистерство за Култура
Next Post
Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Зеленски: Не гледам причина зошто западните земји не би ни испорачувале тенкови

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

July 30, 2025
ВИ

Технологијата и човечката зависност: Влијанието на ChatGPT врз секојдневните одлуки

July 30, 2025

Том Круз и Ана де Армас сликани заедно – се чини, веќе не ја кријат својата врска

July 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скандалозни измени на Законот за полиција: Полицаец осуден за кривични дела нема да се брка од работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поставена спомен-плоча кај мостот на Бит Пазар, во чест на четворицата жртви и преживеаните од трагичниот настан на Бит Пазар од ноември 1992 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пипл“: Памела Андерсон и Лијам Нисон, наводно, се во романтична врска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје – од визионерски урбан план до град без идеја за себе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk