Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук информира дека се реконструирани 78 руинирани во модерни и енергетско ефикасни објекти на МВР.
– Со тоа остваривме и придонес во значителна заштеда на електрична енергија, оцени министерот.
Тој на својот фејсбук профил истакнува дека со тоа е остварена заштеда од 2.731.446,12 киловат часови.
– Колку за илустрација: 2021 се потрошени 15.900.195,5 киловат часови. Во 2022 се потрошени 13.168.749,38 киловат часови. Продолжуваме со обезбедувањето на подобри работни услови и подобри услуги. Со штедењето енергија на ваков начин ги зачувуваме природните ресурси и вложуваме во поздрава животна средина, стои во објавата.